Студиски програми

Монетарна економија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
FIN 220 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Горан Петревски

Опис

Предметот Монетарна економија има за цел да ги запознае студентите со основните и најважните поими и категории од монетар­ната теорија и монетарната политика. Конкретно, преку изучувањето на овој предмет, студентите ќе се здобијат со продлабочени знаења за потеклото и настанувањето на парите, функциите на парите, вредноста на парите, монетарните стандарди, монетарните агрегати, и најважните современи монетарни теории. Исто така, голем дел од наставната програма по овој предмет е посветена на изучување на теоретските и практичните проблеми поврзани со монетарната поли­тика како: цели и инструментите на монетарната политика, факторите на креирањето и повлекувањето на парите, анализата на побару­вачката на парите итн. Во тие рамки, посебно внимание се посветува на стабилизационата политика во Македонија во периодот по моне­тар­ното осамостојување.

Содржина

  • Проблемот на временските задоцнувања во монетарната политика
  • Мерење на вредноста на парите
  • Монетарни стандарди
  • Дефинирање на парите и на монетарните агрегати
  • Дефиниција на монетарните агрегати во Македонија
  • Неутралноста на парите ? теоретски осврт
  • Класична квантитативна теорија на парите
  • Потекло и развој на парите
  • Реформулирана квантитативна теорија
  • Трансмисиониот механизам на монетарната политика
  • Инструменти на монетарната политика
  • Побарувачка на пари
  • Инфлација
  • Антиинфлациона политика
  • Антиинфлациона политика во Р. Македонија
  • Кејнсијанската монетарна економија
  • Понуда на пари

Литература

  • Трпески Љупчо, Пари и банкарство, второ издание, Универзитетски учебник Economy Press,Скопје, (2003)
  • Bofinger, Peter, Monetary Policy � Goals, Institutions, Strategies, and Instruments, Oxford University Press, Oxford, (2001)

Цели

  • Совладување на основните поими од монетарната еконо�мија,
  • Запознавање со современите теоретски достигнувања од монетарната теорија,
  • Разбирање на практичните аспекти на водењето на моне�тар�ната политика,
  • Запознавање со најновата монетарна историја на Маке�донија (периодот по монетарното осамостојување).
  • Развој на способности за креативно и аналитичко размис�лување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на монетарната политика.