Студиски програми

Односи со јавноста


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 450 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Николина Паламидовска-Стерјадовска

Опис на предметот

Основниот фокус на овој предмет е запознавање со стратегиите и техниките на односите со јавноста во рамките на интегрираните маркетинг комуникации на организациите. Преку изучувањето на овој предмет студентите треба да се стекнат со знаење во врска со истражувањето и планирањето на односите со јавноста, како и со процесот на комуникација со целната јавност и евалуација на остварената комуникација. Понатаму, студентите ќе се запознаат со одделните категории на интерна и екстерна јавност и тактиките кои им стојат на располагање во насока на градење ефективни односи со идентификуваната целна јавност.

 

Цели на предметот (очекувани резултати од учењето и компетенции што треба да се стекнат):

По завршувањето на предметот студентите треба да бидат способни:

  1. Да ги разберат основните елементи и улогата на односите со јавноста во интегрираните маркетинг комуникации.
  2. Да стекнат знаење за историскиот развој на односите со јавноста.
  3. Да ги разберат чекорите од процесот на односи со јавноста.
  4. Да бидат способни да ја идентификуваат целната јавност на организацијата и да креираат соодветна комуникација со таа јавност.
  5. Да бидат способни да развијат соодветни тактики на односите со јавноста. 

 

Содржина на предметот:

Глава 1: Вовед во односите со јавноста

Глава 2: Историјата и растот на односите со јавноста

Глава 3: Теоретски основи на односите со јавноста

Глава 4: Комуникација и јавно мислење

Глава 5: Процес на односите со јавноста

5.1. Прв чекор: Истражување

5.2. Втор чекор: Планирање

5.3. Трет чекор: Комуникација

5.4. Четврт чекор: Евалуација

Глава 6: Целна јавност

6.1. Односи со медиумите

6.2. Односи со вработените

6.3. Односи со заедницата

6.4. Односи со владата

6.5. Односи со потрошувачите

6.6. Меѓународни односи

Глава 7: Тактики на односите со јавноста

Глава 8: Интегрирани маркетинг комуникации

Глава 9: Кризен менаџмент

 

Предуслов: Положени испити од трета година на студиите на Департманот по маркетинг

 

Препорачана литература:

  1. Cameron. G. T., D.L. Wilcox, B.H. Reber, J. Shin, “Public Relations Today: Managing Competition and Conflict”, Pearson Education, 2008
  2. Фрејзер П. Сејтел, Практика на односите со јавноста, Арс Ламина, 2011
  3. Lattimore, D., Baskin, O., Heiman, S.T., Toth, E.L. (2012), Public Relations: The Profession and the Practice, McGraw-Hill
  4. Center A., P. Jackson, S. Smith, F.R. Stansberry, “Public Relations Practices”, 7th edition, Prentice Hall, 2008
  5. Груевски, Т. (2011) Односи со јавноста, Скопје: Студиорум. 

Начин на одржување на наставата: Предавања, поддржани со презентации преку слајдови