Студиски програми

Основи на економијата


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ECN 110 Е-бизнис 1 6+0 8,00
Предавачи
Таки Фити; Владимир Филиповски; Предраг Трпески

Опис

Предметот е профилиран како вовед во микроекономијата и макроекономијата. Во рамките на основите на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.

Содржина

  • Клучните макроекономски поими
  • Вовед во економската наука
  • Современите макроекономски школи
  • Меѓународна економија � меѓународна размена на добра и производни фактори; биланс на плаќања; девизен курс
  • Фискална и монетарна политика
  • Инфлација и невработеност
  • Пари и банки
  • Потрошувачката, штедењето и инвестициите
  • Економскиот циклус
  • Бруто домашен и бруто национален производ
  • Државата и бизнисот � неуспеси на пазарот и економска регулација на државата
  • Пазарите на факторите на производство и одредување на цените на капиталот, земјата и трудот
  • Пазарни структури � совршена конкуренција, монопол, олигопол.
  • Анализа на трошоците
  • Основите на теоријата на производството
  • Теорија на изборот на потрошувачот
  • Основни елементи на побарувачката и понудата
  • Темелните економски проблеми
  • Економскиот раст и продуктивноста

Литература

  • Фити, Таки: Макроекономија: Основи на макроекономијата, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004.
  • Mankiw G.: Principles of Economics, Third Edition, Thomson South-Western, London, 2004.
  • Stiglitz J., Walsh C.: Economics, Third Edition, Norton & Company, New York, 2002.
  • Фити, Таки: Основи на микроекономијата, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004.

Цели

  • Како во услови на пазарна економија потрошува~ите го максимираат задоволството, а претпријатијата го оптимизираат производството и го максимизираат профитот дејствувајќи во различни пазарни структури
  • Зошто економијата е наука за изборот и како пазарните економии го разрешуваат централниот економски проблем;
  • Кои се одговорностите на Владата во регулирањето на бизнисите и коригирањето на домените на пазарниот неуспех;
  • Како се дефинираат клучните макроекономски агрегати: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и сл, која е нивната суштина и какви се нивните врски и меѓузависности;
  • Да ги разберат суштината, дометите и ограничувањата на клучните макроекономски политики и начинот на нивното користење во различните фази на економскиот циклус.