Претприемништво
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
MGT 450
|
Е-бизнис
|
4+0
|
8,00
|
Опис
Современата економска наука претприемништвото го вбројува во посебен, четврт развоен фактор. Предметот ги изучува основните карактеристики на претприемништвото и на претприемничкото однесување: иновацијата, ризикот, реалокацијата на ресурсите кон најпродуктивните точки на употреба и комбинацијата, рекомбинацијата и супституцијата на факторите на производство. Во предметот се елаборираат и искуствата на развојот и мерките и инструментите на подршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото во развиените земји, земјите во развој и земјите во транзиција, а во тој контекст и во Македонија. Во апликативниот дел на малиот бизнис посебно внимание се обрнува на бизнис планот, неговата содржина и неговите функции.
Содржина
- Мерки и инструменти на политиката на помагање на малите бизниси
- Претприемничка практика
- Развојот на малите бизниси во македонија
- Претприемништвото во економската теорија
- Форми на организација на малите бизниси
- Развојот на малите и средните претпријатија во светот
- Бизнис план
- Суштинските карактеристики на претприемништвото
- Предности и недостатоци на малиот бизнис
Литература
- Hisrich Robert, Peters Michael: Entrepreneurship, Irwin McGraw � Hill, International Edition, 1999
- Фити Таки: Претприемништво, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 1999
Цели
- како се почнува со сопствен бизнис
- филозофијата на претприемништвото, суштината на претприемничкото дејствување и неговото значење за развојот на малите и средните бизниси;
- современите мерки и инструменти на подршка на претприемништвото и на креирање на претприемнички амбиент;
- клучните проблеми со кои се соочуваат претприемачите во различните фази на развој на претпријатието и можните пристапи за нивно релативизирање и надминување.