Студиски програми

Проектен менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 370 Е-бизнис 6+0 8,00
Предавачи
Сашо Арсов

Опис

Курсот по Проектен менаџмент е осмислен така што на студентите би требало да им се пренесат сознанијата и вештините неопходни за извршување на различните задачи од доменот на управувањето со проектите, на различните нивоа на проектната хиерархија. Горенаведената цел би требало да се постигне преку реализација на предметната програма, составена од теоретски и практични компоненти, како и преку самостојна работа на студентите, индивидуални и во рамките на проектни тимови. Основниот столб на курсот ќе биде теоретската настава, низ која студентите ќе се запознаат со спецификите на проектниот менаџмент како дисциплина, ќе ги стекнат потребните сознанија за структурирањето на проектот, планирањето на неговите активности, планирањето и оптимализацијата на времето и трошоците за негова реализација, составувањето и координацијата на проектниот тим, улогата на проектниот менаџер и сл. Покрај тоа, студентите ќе се обучат и да користат соодветен софтвер, со чија помош се олеснува работата на проект-менаџерот, што ќе го презентуираат и преку реализацијата на практични задачи. Конечно, во текот на наставата, студентите ќе поминат и низ фазите на подготовка на хипотетички проект, преку самостојна работа, но и со учество во проектен тим состтавен од самите студенти, каде што ќе можат и практично да ги аплицираат сознанијата стекнати во текот на наставата.

Содржина

  • Дефинирање на проектот и проектниот менаџмент
  • Проектите и организационата структура на компанијата
  • Проектна организација
  • Планирање на проектот и времето
  • Организационо-технолошко структурирање на проектот
  • Примена на мрежното планирање во проектниот менаџмент
  • Проектни тимови и улогата на проект-менаџерот
  • Имплементација на проектот, надзор и контрола.
  • Примена на софтвер во проектниот менаџмент

Литература

  • Lockyer, Keith and James Gordon, �Project Management and Project Network techniques�, Pitman Publishing, 1996.
  • Gray, Clifford F., Erik W. Larson, �Project Management�, McGraw-Hill, 2003.
  • Software for the lectures:  �Microsoft Project 2000

Цели

  • да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ги идентификуваат нивните меѓузависности, времетраење и трошоци;
  • да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја извршуваат целокупната потребна комуникација помеѓу проектот и клиентот, како и помеѓу членовите на тимот и останатите стејкхолдери
  • да го структурираат проектот на неговите составни активности;
  • да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот;
  • да користат софтвер МС Пројецт како алатка во процесот на планирање, имплементација и надзор врз проектот;
  • го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и цели, како и да развијат проектна спецификација;