Студиски програми

Менаџмент на перформанси


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 460 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Љупчо Ефтимов

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Овој предмет е конципиран на начин успешно да им ја предочи на студентите и идните професионалци, разликата помеѓу мерењето на перформансите од една страна и управувањето на перформансите како сеопфатен и заокружен менаџмент систем од друга страна. Предавањата се концентрирани кон претставување на организациските перформанси на еден сеопфатен, стратегиски начин, притоа запознавајќи ги студентите со основните теории, принципи и системи за управување со нив.  Овој предмет ќе им помогне на студентите да развијат критичко разбирање за: различните категории на перформанси; толкување на поимите мерење на перформансите, управување со перформансите и системи за управување со перформансите; погледот на организациските перформанси од аспект на различните организациски функции (МЧР, Финанисиите, Маркетингот и Производството); различните техники кои се употребуваат за контрола на перформансите на различните хиерархиски нивоа во организаицијата; Balanced Scorecard како средство за стратегиско управување со перформансите и неговото значење за денешните организации; како и резултатите кои произлегуваат од употребата на системите за управување со перформансите во организацијата.

 

Клучни зборови: мерење на организациски перформанси, менаџмент на организациските перформанси, системи за менаџмент на организациските перформанси

 

Содржина на предметната програма:

  1. Концептот на мерење на организациските перформанси
  2. Погледот на организациските перформанси низ призмата на различните деловни функции
  3. Современото наспроти традиционалното следење на организациските перформанси
  4. Управување на организациските перформанси
  5. Системи за управување на организациските перформанси
  6. Доминантни концепти за управување на организациските перформанси во практиката

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Ефтимов, Љ., (2014): Менаџмент на организациските перформанси (учебно помагало во подготовка), Економски факултет-Скопје

Дополнителна:

  1. Mike Bourne, Pippa Bourne, (2011), Handbook of Corporate Performance Management, John Wiley & Sons, UK.,
  2. Neely, A.D., (2002): Business Performance Measurement: Theory and Practice, Cambridge University Press, Cambridge, U.K.
  3. Gary Cokins, (2004): Performance management - finding the missing pieces (to close the intelligence gap), John Wiley and Sons, Inc., Hoboken, New Jersey, U.S.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да демонстрираат критичка свесност за најновите истражувања од областа на управувањето на перформансите
  • Да ги идентификуваат користите од управувањето на организациските перформанси за вработените, менаџерите и за самата организација
  • Да ги преведат организациските стратегии во конкретни индикатори за мерење на организациските перформанси
  • Да дизајнираат ефикасен систем за управување на организациските перформанси и да ги утврдат чекорите за негово успешно имплементирање
  • Да спроведат самостојно истражување за различните аспекти на организациските перформанси во реален бизнис контекст
  • Да применат широка лепеза на практични вештини за планирање, управување, мерење и ревизија на организациските перформанси
  • Да изнајдат практични решенија и да иницираат соодветни мерки за унапредување на организациските перформанси