Студиски програми

Сметководствени контролни системи


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 230 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Атанаско Атанасовски

Опис

Наставата по овој предмет има за цел да ги запознае студентите со значењето на контролното интерно окружување во функција на континуитетот на работењето на претпријатието. Фокусот на вниманието се ефективните системи на интерни контроли значајни за финансиското известување,  бихејвиористичките аспекти на контролните системи, контрола на деловните сегменти на претпријатието преку  мерење на резултатите, идентификување и управување со ризиците од сметководствени измами и грешки.

Содржина

  • Основи на теоријата за менаџмент контроли
  • Бихејвиористичките аспекти на сметководствените контроли
  • Основни компоненти на ефективен систем на интерни контроли
  • Улогата на интерната контрола и менаџментот при дизајнирањето на интерните контроли
  • Сметководствениот систем и контроли на сметководствениот систем
  • Автоматизирани контролни системи во компјутерска околина
  • Системи за идентификување и управување со вообичаените деловни ризици
  • Измамите, интерните контроли и сметководството за истражување на ризици од измами и грешки
  • Улогата на сметководствениот контролен систем во корпоративното управување

Литература

  • Anthony J. Berry, Broadbent, Otley: Management Control, 2nd edition, Palgrave Macmillan, England, 2005
  • Steven M. Bragg: Accounting Control Best Practices, John Wiley & Sons, UK, 2006
  • Paul M Collier, Samuel Agyei-Ampomah: Management Accounting Risk and Control Strategy, CIMA Publishing, 2007

Цели

По завршување на наставата, студентите треба да бидат способни да ги:
  • Разбираат основите и компонентите на ефективниот  систем на контрола
  • Применуваат техниките за сегрегација на должностите и дизајнираат ефективен сметководствен контролен систем 
  • Идентификуваат ризичните подрачја од работењето
  • Постават основите на систем за сегментирано известување и контрола преку мерење на резултатите
  • Разбираат бихејвиористичките импликации на контролниот систем