Студиски програми

Социологија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 130 Е-бизнис 6+0 8,00
Предавачи
Ристо Христов

Опис

Наставата по предметот Социологија треба да им помогне на студентите да се здобијат со неопходните знаења за основните социолошки категории, да ја разберат суштината на општествените феномени во сета нивна сложеност и историска минливост, да ги спознаат движечките сили и законитости на општествениот развој, како органски процес на закономерни промени и преобразувања, да навлезат во многубројните и сложени прашања на трудот, како основа на човековата животна активност, да ја согледаат сложеноста на трудово-социјалните односи, кои се формираат врз основа на трудот и на трудово-производствените односи во работните колективи и во општеството во целост, како би можеле потоа полесно да ги разберат и подлабоко да навлезат во проблемите што ги испитуваат економските науки.

Содржина

  • Методите на социологијата
  • Социологијата и другите опШтествени науки
  • Неформалните групи.
  • Општествената стратификација
  • Деловната култура.
  • Изворите на конфликти во работните колективи.
  • Социјалното прилагодување.
  • Работните тимови и проблемите на работниот морал
  • Формалната организација
  • Општеството и културатa
  • Социолгијата како наука
  • Општествената подвижност
  • Социологијата и културата
  • Општествената диференцијација
  • Општествените групи
  • Општествените појави
  • Современото опШтество
  • Традиционалното опШтество
  • Структурата на опШтеството
  • Поим и создавање на опШтеството
  • Општествената интеракција
  • Трудот како основа на опШтеството и на човековиот опстанок

Литература

  • Чокревски  Томислав: Социологија, НИП Студентски збор, Скопје, 1991
  • Христов Ристо: Социологија за економисти, Економски факултет, Скопје, 2002
  • Haralambos Michael - Held, Robin: Uvod u sociologiju, Globus, Zagreb, 1989
  • Христов  Ристо: ОпШтествената подвижност во Македонија, Мисла, Скопје,1996
  • ред. Блага Петроска: Социологија - НИП Студентски збор, Скопје, 1998

Цели

  • Врз основа на знаењата стекнати за карактерот на изворите, од кои социологијата црпи сознанија, да можатсамостојно да ги определуваат подрачјата од кои самите ќе ги извлекуваат изворните податоци, ќе стекунуваат нови сознанија за истражуваните проблеми, критички ќе ја оценуваат нивната вредност, ќе вршат нивна селекција и ќе бидат во сосотојба да вршаат истражувања и да изготвуваат работни и други извештаи, анализи и алаборати за прашањата кои осе одн нивен непосреден работен и научен интерес
  • Со сознанијата стекнати за методите во социолошкте истражувања, да можат различните методи на практично-експерименталните истражувања да ги применуваат во разнообразните подрачја на општествениот и економскиот живот, критички да ја проценуваат нивната непосредна научна и општествена вредност и можностите од нивна примена во истражувањето на економските проблеми.
  • Врз основа на суштинско познавање на природата и карактерот на општествените феномени и на основните појави и проблеми од подрчјето на социологијата на трудот и на трудово-социјалните осноси, кое ќе им спомогне да ја разберат природата на економските феномени, да можат, при своето вклучување во процесот на трудот, да ја разберат природата на општествените и на економските појави, процеси и односи, нив критички да ги просудуваат и да ги изнаоѓаат најадекватните начини, методи и форми за нивно разрешување.