Студиски програми

Стратегиски менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 310 Е-бизнис 6+0 8,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Опис

Предметот Стратегиски менаџмент е конципиран на начин да им овозможи на студентите оценка и примена на клучните елементи на стратегиската анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија.

Содржина

  • Проценка на екстерното окружување
  • Анализа и избор на стратегија
  • Карактерот на стратегискиот менаџмент
  • Стратегиски менаџмент и малиот бизнис
  • Технологијата и стратегијата
  • Извршување на стратегијата
  • Меѓународен стратегиски менаџмент
  • Формулирање на стратегија
  • Проценка на интерното окружување
  • Менаџерите и стратегискиот менаџмент
  • Оценување и контрола на стратегијата

Литература

  • Шуклев, Бобек; Дракулевски, Љубомир: Стратегиски менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2001
  • Hill, Charles W.; Jones, Gereth R.: Strategic Management, An Integrated Approach, Houghton Mifflin Company, Boston, 2004
  • Grant, Robert M.: Conteporary Strategic Analysis, Blackwell Publishing, Malden, MA 2005

Цели

  • да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти;
  • да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;
  • да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
  • да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа;