Студиски програми

Финансиска економетрија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 420 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Весна Буцевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот ги покрива основните подрачја на брзо растечката научна дисциплина финансиската економетрија, бидејќи во последните децении се јавува се поголем интерес за моделирање на неизвесноста поврзана со финансиските временски серии. Неизвесноста на финансиските приноси игра клучна улога во финансиските модели за ефикасна алокација на финансиските средства и менаџментот на ризикот. Целта на предметот е да ги објасни карактеристиките на главните економетриски модели кои вообичаено се користат за анализа на финансиските пазари и да ги оспособи студентите за самостојни економетриски истражувања во областа на финансиските пазари. Предавањата се изведуваат во компјутерска лабораторија со користење на програмскиот пакет EViews.

Клучни зборови: моделирање, предвидување униваријантни и мултиваријантни модели, волатилност

 

СОДРЖИНА

1. Краток приказ на класичниот линеарен регресионен модел

2. Моделирање и предвидување на униваријантните временски серии

3. Мултиваријантни модели

4. Моделирање на долгорочните поврзаности во финансиите

5. Моделирање на волатилноста и корелација

6. Модели на пресврт

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Brooks, C.,  Introductory Econometrics for Finance, Cambridge University Press, 2008
  2. Campbell, Y. J., Lo A. W., MacKinlay A. C. and Viceira L. M., The Econometrics of Financial Markets, Princeton University, 1996.
  3. Rachev, T. S., Mittnik S., Fabbozi F. J., Focardi S. M. and Jašić T,  Financial Econometrics, John Wiley & Sons, Inc., 2013
  4. Taylor, S., Asset Price Dynamics, Volatility and Prediction, Princeton University Press., 2005
  5. Тsay, S. Ruey, Analysis of Financial Time Series, Second Edition, John Wiley & Sons, Inc., 2005

Дополнителна:

  1. Cox, D.R., Hinkley D.V. and Barndorff-Nielsen, O.E., Time Series Models in Econometrics, Finance and other Fields, Chapman and Hall, London, 1996
  2. Franses, P.H. and Dijk, D., Non-linear time series models in empirical finance, Cambridge University Press, Cambridge, 2000.
  3. Gouriéroux, C., ARCH Models and Financial Applications, Springer, New York, 1997.
  4. Harvey, A.C., Forecasting Time Series and the Kalman Filter, Cambridge University Press, Cambridge, 1989.
  5. Mills, C.T., The Econometric Modelling of Financial Time Series, Cambridge University Press, Cambridge., 1999.

 

Цели

По завршувањето на наставата по овој предмет студентите треба да бидат оспособени:

  • да ги имплементираат генерализираните авторегресиони условно  хетероскедастични модели (Generalized Autoregressive Conditionally Heteroscedastic Models – GARCH Models) и моделите со стохастичка волатилност за да го претстават динамичкото однесување на неизвесноста;
  • да ги имплментираат мултиваријационите GARCH модели и моделите на стохастичка осцилаторност;
  • да ги оценат временски варирачките корелации помеѓу финансиските приноси;
  • да ги употребуваат економетриските модели за да тестираат различни финансиски хипотези и модели, како на пример, тестирање на ефикасноста на пазарите, оценка на ризикот на поединечна акција преку пресметување на најзината вредност под ризик (Value at Risk) итн.