Студиски програми

Меѓународен финансиски менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 470 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Сашо Арсов

Опис на предметот

Во рамките на овој предмет, се изучува финансиското одлучување на компанијата во меѓународен контекст. Традиционалните полиња на финансискиот менаџмент, како што се инвестирањето, управувањето со обртните средства, финансирањето, цената на капиталот и финансиската структура се изучуваат од меѓународна перспектива. Меѓународниот аспект, во најголема мера, значи нивно надополнување со елементи поврзани со разликите кои постојат во националните валутни и даночни системи, промените на девизните курсеви, разликите во регулативата на пазарите на пари и капитал, како и политичките ризици иманентни на меѓународниот бизнис. Ваквиот приод е особено потребен за идните дипломирани економисти кои ќе работат во компании со интензивни меѓународни релации и сериозна интегрираност во меѓународните финансиски текови, што е и перспективата на целокупниот деловен свет.

 

Содржина на предметот:

1.  Мултинационалното претпријатие и мултинационалниот финансиски менаџмент.

2.  Девизни курсеви и девизен пазар.

3.  Пазари на валутни фјучерси и опции.

4.  Меѓународни финансии и меѓународни финансиски пазари.

5.  Мерење на сметководствената изложеност на девизниот ризик.

6.  Управување со сметководствената изложеност на девизниот ризик.

7.  Мерење на економската изложеност на девизниот ризик.

8.  Управување со економската изложеност на девизниот ризик.

9.  Управување со обртниот капитал во меѓународен контекст.

   10.  Преземање инвестициски проекти во странство - цена на капиталот и капитално буџетирање.

   11.  Меѓународен портфолио менаџмент.

 

Потребна литература

Основна литература:

  • ХИЛ, Чарлс В.Л, Меѓународен бизнис, Магор, (6-то издание од McGraw-Hill, 2007, превод), 2010
  • SHAPIRO, Alan, Multinational Financial Management, John Wiley and Sons, 9th edition, 2010

Дополнителна литература:

  • MADURA, Jeff, International financial management, 7th edition, Thomson-South-Western, 2003
  • Block, Stanley, Geoffrey Hirt, Основи на финансиски менаџмент, McGraw-Hill, Превод на македонски во издание на ГЛОБАЛ, 2008

 

Цели на наставата

Целта на наставата по предметот Меѓународен финансиски менаџмент е да ги оспособи студентите:

  • Да ги препознаваат и интерпретираат последиците од промените на девизниот курс врз националната економија и врз конкретни компании;
  • Да ги пресметуваат и интерпретираат сметководствената и економската изложеност на компанијата на девизниот ризик и да предлагаат мерки за нивно намалување.
  • Да ги анализираат ефектите од користењето на различните финансиски деривативи за заштита од валутниот ризик;
  • Да ги пресметуваат трошоците на одделните компоненти на капиталот, како и просечната цена на капиталот на компанија што користи меѓународни извори на финансирање;
  • Да ја анализираат оправданоста на инвестициските проекти во случаите на меѓународно инвестирање;
  • Да умеат да го утврдат приносот на портфолиото составено од меѓународни хартии од вредност, како и да извршат оптимализација на таквото портфолио во рамките на релацијата ризик-принос