Монетарна економија, финансии и банкарство


Последипломските студии по Монетарна економија, финансии и банакрство се организирани во два семестри, при што вклучуваат и изработка на магистерски труд.

Структура на предметите:

  • Шест изборни предмети од листата на Економски факултет - Скопје
  • Еден изборен предмет од листата Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Од понудените изборните предмети, студентите треба да изберат вкупно 7(седум) предмети, и тоа: 6 (шест) предмети од студиската програма плус еден предмет од листата на УКИМ.

Во првиот (зимски) семестар, студентите избираат 4 (четири) предмети од студиската програма плус 1 (еден) предмет од листата на УКИМ.
Во вториот (летен) семестар, студентите бираат 2 (два) предмета од студиската програма.
Студиите се завршени ако студентот освоил најмалку 60 кредити според ЕКТС.
Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

 

Цели

Образовни цели на последипломските студии од Монетарна економија се:

  • Образование на кандидатите за анализа на макроекономските текови и движења и за работа во областа на макроекономската политика;
  • Образование на кандидатите за разбирање и анализа на меѓународните економски односи и суштината на меѓународното финансирање на бизнисот;
  • Да се обучат кандидатите за управување со финансиските институции, како и за анализа на хартиите од вредност и управувањето со портфолиото;
  • Изучување на прашањата поврзани со финасискиот менаџмент, т.е. финансирањето на корпорациите;
  • Изучување на проблемите на јавните финансии во две подгрупи: првата, фискаланата политика (јавните приходи и управување со расходите) и втората, оданочувањето, структурата на даночниот систем, видовите на даноци и нивните карактеристики.

Професионални цели на последипломските студии од Монетарна економија се:

  • Образование на високо стручен професионален кадар со лидерски способности за работа во финансиските институции и нефинансиските фирми;
  • Студиумот е ориентиран кон потребите на приватниот сектор (банките, небанкарските финансиски посредници и нефинансиските фирми со развиени финансиски сектори), а од друга страна, студиумот нуди и софистициран теоретско-методолошки инструментариум за потребите на научно-истражувачките институции и носителите на економската политика.

 

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии.

Семестар   1

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB Магистерски труд 40 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB 511 Јавни финансии 175 7,00 Михаил Петковски
MFB 514 Меѓународни финансии 150 7,00 Горан Петревски
MFB 515 Банки и банкарски системи 175 7,00 Елена Наумовска
MFB 518 Финансии на корпорации 175 7,00 Сашо Арсов
MFB 519 Инвестиционен менаџмент 175 7,00 Методија Несторовски
MFB 512 Современи монетарни концепции 175 7,00 Михаил Петковски
MFB 5193 Портфолио менаџмент 175 7,00 Владимир Филиповски
MFB 5191 Монетарна и фискална политика во ЕУ 175 7,00 Ѓорѓи Гоцков
УКИМ Изборен предмет од Листа на УКИМ 175 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MFB 516 Финансиски пазари 175 7,00 Михаил Петковски
MFB 517 Монетарна анализа 175 7,00 Ѓорѓи Гоцков
MFB 513 Монетарен систем и политика 175 7,00 Кирил Јовановски
MFB 5192 Управување со ризиците во финансиските институции 150 7,00 Горан Петревски