Студиски програми

Монетарна и фискална политика во ЕУ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 5191 Монетарна економија, финансии и банкарство 175 7,00
Предавачи
Ѓорѓи Гоцков

Предметот Монетарна и фискална политика во ЕУ ги обработува концептите, елементите и трендовите во монетарните и јавните финансии во ЕУ. Посебен акцент се става на начинот на концепирање и водење на монетарна политика и на анализата на карактеристиките на даночните системи на земјите членки на ЕУ.  

Клучни зборови: монетарна унија, монетарна политика, фискална политика, буџет на ЕУ, еврозона

 

СОДРЖИНА

  • Теоретски аспекти од создавање на монетарна унија
  • Институционална рамка на единствената монетарна политика                                                                                                                                  
  • Економска и финансиска структура на еврозоната
  • Монетарната политика на ЕЦБ
  • Трендови во јавните финансии во Европа
  • Национална фискална политика во ЕМУ
  • Фискален федерализам во ЕУ
  • Буџетот на ЕУ

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

  • European Central Bank, The Monetary Policy of  ECB, ECB, 2011
  • Sylvester C.W. Eijffinger and Jakob de Haan, European Monetary and Fiscal Policy, Oxford university press, 2000
  • M.Cerovac i dr, Europska Unija, MATE d.o.o Zagreb, 2010
  • European Commission/EUROSTAT, Taxation trends in the European Union, European Commission, 2012        

Дополнителна:

  • European Commission, Taxation trends in the European Union - Focus on the crises: The main impacts on EU tax systems, European Commission, 2011
  • M.Prokopijevic, Evropska Unija, Sluzbeni glasnik, Beograd, 2009
  • Marco Buti and Andre Sapir, Fiscal Policy in Europe: The Past and Future of EMU Rules from Perspective of Musgrave and Buchanan Centre for Economic Policy research, 2006

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни за:

  • Познавање на институционалната поставеност на Европскиот монетарен систем и неговите економски и финансиски карактеристики
  • Разбирање на начинот на концепирање и водење на монетарната политика од страна на ЕЦБ                                                                                                                      
  • Осознавање на проблемите на даночна хармонизација и конкуренција во ЕМУ
  • Анализирање на трендовите во јавните финансии во ЕУ
  • Познавање на структурата и карактеристиките на даночните системи во земјите од ЕУ