Студиски програми

Јавни финансии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 511 Монетарна економија, финансии и банкарство 175 7,00
Предавачи
Сузана Макрешанска Младеновска

Во овој предмет се презентираат и анализираат теоретските и практичните аспекти на јавните финансии и нивното значење во понудата на јавните добра, аспектите на уредување на ефикасен даночен систем, улогата на фискалната политика во економската стабилизација, ефектите на буџетскиот дефицит и јавниот долг и уредувањето на фискалниот федерализам.

Клучни зборови: јавни финансии, јавни добра, даночен систем, фискална политика

 

СОДРЖИНА

  1. Јавни финансии и јавен сектор
  2. Функции на јавните финансии (алокациска, дистрибуциска и стабилизациона)
  3. Јавни расходи и понуда на јавни добра
  4. Даночен систем
  5. Оданочување и распределба на доходот
  6. Микроекономски ефекти на оданочувањето
  7. Буџетски дефицит и јавен долг
  8. Фискална политика и економска стабилизација
  9. Фискален федерализам
  10. Фискален систем и фискални односи во Македонија

 

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

1. Rosen H.S. & Gayer, T.: Јавни финансии, 8 и., Глобал комуникации, Скопје, 2008
2. Stiglitz, J.E.: Economics of the public sector, W.W. Norton Company, Inc., New York, 2000

Дополнителна
Најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

1. Musgrave R. & Musgrave P.: Public Finance in Theory and Practice, McGraw-Hill, Inc., New York, 1988
2. Атанасовски Живко, Јавни финансии, Економски факултет, Скопје, 2004

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

  • да прават експертски анализи во доменот на оданочувањето и политиката на јавни расходи;
  • да бидат способни да го изберат правото решение помеѓу неколку алтернативи при обликувањето на структурата на даночниот систем и дизајнирањето на даночната политика;
  • да знаат да ги анализираат ефектите на фискалната политика во макроекономската стабилизација;
  • да ги познаваат современите теориски погледи за фискалните односи меѓу различни нивоа на власт и моделите на дизајнирање на субнационалните финансии;
  • да стекнат детални познавања за даночниот систем, јавната потрошувачка, локалните финансии и фискалната политика во Македонија.