Студиски програми

Меѓународни финансии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 514 Монетарна економија, финансии и банкарство 150 7,00
Предавачи
Горан Петревски

Предметот е посветен на методите за предвидување на девизните курсеви, како и на стратегиите и техниките за заштита од девизниот ризик. Исто така, предметот нуди сознанија од областа на капиталното буџетирање на мултинационалните компании, долгорочното и кусорочното финансирање на меѓународните пазари, како и на финансирањето на надворешната трговија.

Клучни зборови: девизни курсеви, девизен ризик, странски директни инвестиции, финансирање на надворешната трговија, долгорочно финансирање, кусорочно финансирање.

 

СОДРЖИНА

  • Предвидување на девизните курсеви,
  • Мерење на изложеноста на валутен ризик,                                                                                                                                                  
  • Трансакциска изложеност на валутен ризик,
  • Економска изложеност на валутен ризик,
  • Странски директни инвестиции,
  • Капитално буџетирање во мултинационалните компании,
  •  Ризик на земјата,
  •  Долгорочно финансирање,
  •  Кусорочно финансирање,
  • Финансирање на надворешната трговија.

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

  • Jeff Madura: International Financial Management (9 Еd.), Thomson/South-Western College, 2007.      

Дополнителна:

  • Ј. Ashok Robin, International Corporate Fianance, McGraw-Hill, 2011.
  • Laurence Copeland, Exchange Rates and International Finance (5 Ed.), Pearson Education, 2008.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Со изучувањето на овој предмет, студентите ќе бидат оспособени:

  1. Да вршат предвидување на девизните курсеви со помош на техничката и фундаменталната анализа;
  2. Да ја мерат трансакциската и економската изложеност на девизниот ризик;
  3. Да применуваат различни стратегии и техники за заштита од девизниот ризик;
  4. Да вршат анализа и да донесат одлука за преземање инвестициски проекти во странство;
  5. Да вршат анализа и да донесат одлука за финансирање на меѓународните финансиски пазари.