Студиски програми

Банки и банкарски системи


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MFB 515 Монетарна економија, финансии и банкарство 175 7,00
Предавачи
Елена Наумовска

Предметот во најголема мера е посветен на изучување на микроекономските основи на банкарството, т.е. дава увид во теоријата на банкарската фирма во различни пазарни модели. Исто така, голем дел од предметот е посветен на регулацијата во банкарството со осврт на Базелската спогодба за капиталот, системите за осигурување на депозитите, методите за справување со системските кризи и макропрудентната регулација.

Клучни зборови: теорија на банкарската фирма, рационирање на кредитите, системски кризи, осигурување на депозитите, Базел 3, макропрудентна регулација.

 

СОДРЖИНА

  • Банките како финансиски институции,
  • Теорија на банкарските фирми,                                                                                                                                                       
  • Рационирање на кредитите,
  • Странскиот капитал во банкарскиот сектор,
  • Теорија на регулација на банките,
  • Базел 3 - регулација на капиталот и на ликвидноста,
  • Системи на осигурување на депозитите,
  • Системски кризи,
  • Макропрудентна регулација.

 

ЛИТЕРАТУРА

  • Kent Mathews and John Thompson, The Economics of Banking, John Wiley and Sons, 2005 (глава 3, 6,7,8, 10 и 11).
  • George Clarke et al., Foreign bank entry: experience, implications for developing economies and future agenda, The World Bank Research Observer, 18(1), 2003, стр. 25-59
  • Aslı Demirguc-Kunt and Edward J. Kane, Deposit Insurance Around the Globe: Where Does It Work?, Journal of Economic Perspectives, Volume 16, Number 2, Spring 2002, стр. 175–195.
  • Basel Committee on Banking Supervision, Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems, December 2010 (Revised June 2011) (стр. 2-10, 12-19, 54-64 ).
  • Basel Committee on Banking Supervision, Basel III: International framework for liquidity risk measurement, standards and monitoring, December 2010 (стр. 3-10, 12-37).
  • James Bullard, Christopher J. Neely, and David C. Wheelock, Systemic Risk and the Financial Crisis: A Primer, Federal Reserve Bank of St. Louis Review, September/October 2009, 91(5, Part 1), стр. 403-417.Patrick Honohan and Luc Laeven, Systemic Financial Crises, Cambridge University Press, 2005, pp. 25-75.
  • C. Lim, F. Columba, A. Costa, P. Kongsamut, A. Otani, M. Saiyid, T. Wezel, and X. Wu, Macroprudential Policy: What Instruments and How to Use Them? - Lessons from Country Experiences, IMF Working Paper, WP/11/238, October 2011 (стр. 4-18, 26-30).
  • Ramon Moreno, Policymaking from a “macroprudential” perspective in emerging market economies, BIS Working papers No. 336, January 2011 (стр. 1-13).

         

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • ги познаваат микроекономските основи на банкарството,
  • ги познаваат системите, принципите и проблемите поврзани со осигурувањето на депозитите,
  • го анализираат работењето на банките во различни пазарни модели,
  • го пресметуваат потребниот капитал за покривање на ризиците согласно базелската регулатива,
  • вршат анализа на алтернативните методи на справување со банкарските кризи.