Современите макроекономски концепции и политики


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ER 503052 Економски развој и меѓународни финансии 1 40 7,00
Предавачи
Таки Фити

Опис

Цел на програмата е да се презентираат доминантните макроекономски концепции и политики нивното влијание при креирањето и спроведувањето на макроекономската политика во одделните земји

Содржина

  • Кејнзијанизмот и неокејнзијанизмот и макроекономските политики
  • Монетаризмот и макроекономските политики
  • Новата класична макроекономија и макроекономските политики
  • Теоријата на реалниот бизнис циклус и макроекономските политики
  • Економијата на понудата и макроекономските политики
  • Теоријата на јавен избор и макроекономските политики
  • Новата кејнзијанска економија и макроекономските политики
  • Конфронтирање на современите макроекономски концепции и политики со фактите на реалниот економски живот
  • Макроекономските концепции и нивните импликации во одделни земји
  • Вовед
  • Микроекономски основи на макроекономските концепции и политики

Литература

  • Група аутора: Компаративне економске политике, Економика, Београд, 1992
  • Стојков, Методија: “Подемот на посткејнзијанизмот”, Годишник на Економскиот факултет, Скопје, 1997
  • Стојков, Методија: “Понови синтези во економската наука”, Годишник на Економскиот факултет, Скопје, 2000
  • Mankiw, Gregory: Macroeconomics (chapter 4 and the conclusion), Worth Publishers, New York, 2000
  • МАНУ: Национална стратегија на економскиот развојот на Република Македонија, Скопје, 1997
  • Snowdon, B., Vane, H. P. and Wynarczyk: A Modern Guide to Macroeconomics, Edward Elgar Publishing Limited, London, 1994
  • Фити, Таки: Современите макроекономски концепции и економските политики, Економски факултет, универзитетски учебник, Скопје, 2001

Цели

  • Ги разберат значењето и релевантноста на доминантните макроекономски концепции и политики за македонската економија
  • Го проучат развојот на макроекономските концепции од Кејнз до денешни дни, со посебен осврт врз импликациите на различните економски школи врз економските политики – посебно врз клучните макроекономски политики (фискалната, монетарната и политиката на надворешно-трговската размена);
  • Ја воочат поделеноста на современата макроекономска наука на два големи, заемно конкурентни табори: едниот од неокласичната, а другиот од неолиберална провениенција. Во тие рамки посебно да се проучат и разграничат разликите помеѓу современите макроекономски школи од конкурентните табори по однос на клучните макроекономски проблеми и плашања: брзината на урамнотежување на пазарите, значењето на краткиот и долгиот рок, начинот на формирање на очекувањата, главните извори на нестабилност и импликациите врз економските политики. Дезагрегирањето на материјата оди до ниво на воочување и разграничување на споменатите разлики и внатре во рамките на истиот табор помеѓу одделните школи и правци
  • Ги конфронтираат различните погледи и сфаќања по клучните макроекономски прашања помеѓу заемно конкурентните школи, да се разберат формалните и суштинските разлики и да се идентификуваат домените на конвергенција на гледиштата
  • Укажат на значењето на т.н. стандардни знаења и на нивната релевантност за профилирање на економските политики врз база на конфронтации помеѓу школите