Технолошкиот развој и глобализацијата


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ER 503055 Економски развој и меѓународни финансии 40 7,00
Предавачи
Гоце Петрески

Опис

Предметот е наменет за запознавање на студентите со современите технолошки процеси како дел од глобализацијата на светската економија, и нивното влијание врз одделните национални економии

Содржина

  • Економски ефекти од технолошките промени
  • Политика на технолошкиот развој во Република Македонија
  • Глобализацијата на светската економија
  • Основни домени на технолошките промени
  • Карактеристики на современиот технолошки развој
  • Носители на технолошките и економските промени во време на глобализацијата

Литература

  • European Commission: Action Plan of Innovation, Brussels, 1996
  • Поповска, Златка: Политика на технолошкиот развој, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2000
  • Поповска, Златка: Технолошкиот развој во Македонија, универзитетски учебник, Македонска книга, Скопје, 1992
  • Котлица, С.: Информационо технолошка парадигма и економски развој, Економски институт, Загреб, 1996
  • European Commission: The White Paper on Education and Training - Towards the Learning Society, Brussels, 1995
  • European Commission: The Green Paper: Education-Training-Research - Obstacles to Transnacional Mobility, Brussels, 1997

Цели

  • Стекнат знаење за современите технолошки процеси како дел од глобализацијата на светската економија; технологијата - опредметено и неопредметено знаење – станува ендоген фактор во развојните модели и приоритетен интерес во развојните стратегии на сите земји во борбата за подобро место на светскиот пазар
  • Да ги разберат изградбата на иновативно општество, информациско општество, односно општество базирано на знаење во развиените земји
  • Да го објаснат влијанието на дифузибилниот карактер на информационите технологии врз новите промени на меѓународните пазари на стоки, услуги и капитал
  • Да ја разберат потребата на земјите во развој за сопствени технолошки стратегии како дел од развојните стратегии
  • Да ја разберат актуелната потреба за изградување на технолошка стратегија во Република Македонија, со оглед на нејзиното значење во намалувањето на развојниот јаз, што бара мобилизација на политиката за искористување на нашите предности поврзани со човечкиот капитал