Меѓународните пазари на капитал и економскиот развој
Шифра
|
Студиска програма
|
Семестар
|
Часови
|
Кредити
|
ER 503054
|
Економски развој и меѓународни финансии
|
1
|
40
|
7,00
|
Предавачи
|
Владимир Филиповски
|
Опис
Предметот треба да ги запознае студентите со растечкиот тренд на глобализацијата на националните финансиски пазари
Содржина
- Институционална структура на меѓународните пазари на пари и капитал
- Основи на меѓународните финансиски инвестиции
- Девизниот ризик, ефикасноста на девизните пазари и меѓународните финансиски инвестиции
- Меѓународно банкарство и структурните промени во клучните национални банкарски системи
- Евровалути и европазари – Off-Shore меѓународен банкарски систем
- Транзиционите економии и меѓународните пазари на капитал
- Република Македонија и меѓународните пазари на капитал
Литература
- Krugman, Paul and Maurice Obstfeld: International Economics, sixth edition, Addison-Wesley, London, 2003
- Пол Кругман и Морис Обстфелд: Меѓународна економија (преведено од англиски), петто издание, Скопје, 2001
Цели
- Ја анализираат сегашната позиција на Република Македонија во рамки на меѓународниот финансиски систем, како и да се согледаат ризиците и придобивките што би произлегувале од нејзиното либерализирање на капиталната сметка на билансот на плаќањата
- Ги проучат проблемите на регулација и супервизија на таканаречените offshore финансиски институции, како и да стекнат познавања за главните финансиски инструменти кои се употребуваат на меѓународниот пазар на капитал
- Ги проучат прашањето на оптималната динамика на либерализација на меѓународните текови на капиталот, особено кај земјите во развој
- Се запознаат студентите со степенот на меѓународна интегрираност на националните пазари на капитал, како и со импликациите што меѓународната портфолио диверзификација ги има врз благосостојбата на светската економија