Странски директни инвестиции


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ER 503053 Економски развој и меѓународни финансии 2 40 7,00
Предавачи
Методија Несторовски

Предметот економски развој и меѓународни финансии е дизајниран да им овозможи на студентите добро познавање на проблемот на меѓународното движење на капиталот. Носител на овие активност во современата светска економија имаат мултинационалните претпријатија кои настојуваат да најдат најдобра инвестициона алтернатива надвор од домашната економија. Од друга страна постојат економии кои имаат недостиг на капитал, при што СДИ претставуваат значаен извор кој ќе ја поттикне инвестициска активност и вработеноста во сиромашните економии. Мултинационалните компании се заинтересирани за инвестиционата клима во секоја одделна земја и избор на најдобрата инвестициска можност.

Клучни зборови: странски директни инвестиции, економски развој, ризик на земја, инвестициска клима

 

СОДРЖИНА

  • Изворите на инвестициите;
  • Меѓународни ресурси за финансирање на инвестициите;
  • Капиталната сметка во националната економија;
  • Глобализацијата во светската економија и странските директни инвестиции;
  • Теории за СДИ;
  • Детерминантите за СДИ;
  • Национални стратегии и политики и СДИ;
  • Country risk и инвестициона клима.

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Проф. д-р Методија Несторовски: “Економија на инвестициите”, учебник, Економски факултет, Скопје, 2005
  • Хил Чарлс, Меѓународен бизнис, МАГОР, 2010

Дополнителна:

  • UNCTAD: World Investment Report, годишни изданија, за следење на тенденциите на СДИ во светот и анaлизите во нив.
  • Извештаи на Светскиот економски форум.
  • OECD “Benchmark definition of foreign direct investment.
  • Програма за стимулирање на инвестициите во Р. Македонија.
  • Други извори, по избор на студентите
  • Douing business, World Bank publications.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма по предметот странски директни инвестиции и економскиот развој е да им овозможи на студентите исклучителни познавања за странските директни инвестициите како клучна варијабла на економскиот раст и развој. Согласно со ова студентите треба да бидат способни за продлабочена макроекономска анализа. Во најголема мера, предметната програма треба да им овозможи на студентите познавања за процесот на меѓународното движење на капиталот и инвестирањето на мултинационалното претпријатие.

Поконкретно, студентите ќе имаат знаења, способност за анализа и инвестиционо одлучување, а особено ќе ги владеат следниве проблеми во доменот на странските директни инвестиции и економскиот развој:

  • да ги познаваат теориските аспекти на категоријата странски директни инвестиции и нејзината поврзаност со развојните процеси;
  • да ја го разбираат меѓународното движење на капиталот;
  • да ги разбираат мотивите на мултинационалните компании за инвестирање во странство;
  • да ги разбираат детерминантите на странските директни инвестиции;
  • да го разбираат концептот на ризик на земја и да извршат процена на ризикот за конкретна земја;
  • да ја проценат инвестициската клима во одредена земја и поволноста за инвестирање.