Маркетинг


Студиската програма на втор циклус студии - Маркетинг е во траење од 2 семестрa и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структурата на предметите е следната:

  • три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање
  • три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање и
  • еден изборен предмет од листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Студентот на втор циклус на студии може да пријави тези и тема  за  магистерски труд со образложение, откако ќе оствари 44 кредити со положување на  испитите на студиумот на кој што е запишан. Магистерскиот труд носи 16 ЕКТС. За добивање звање магистер, студентот треба да оствари 60 ЕКТС согласно Законот за високо образование. По завршувањето на студиската програма студентот се стекнува со звањето: магистер по економски науки  од областа на Маркетингот.

 

ЦЕЛИ

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 

Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење за маркетинг-концепцијата и нејзиното значење во работењето на современите бизниси.
  • Покажува знаење за специфичните типови на потрошувачи и факторите кои што влијаат врз нивното однесување.
  • Покажува знаење за различните методи кои се користат во маркетинг-истражувањето и примена на добиените резултати во работењето на компанијата.
  • Демонстрира знаење за одделните елементи на маркетинг планот и различните стратегии кои се користат за успешно водење на бизнисот.

 

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Способен е за самостојно донесување одлуки во врска со производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата како клучни аспекти од работењето на секоја компанија.
  • Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект, применувајќи ги знаењата за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување.
  • Самостојно ги анализира одделните маркетинг-инструменти и однесувањето на потрошувачите.
  • Способен е да развие маркетинг-план и да предложи соодветни маркетинг-стратегии, согласно добиените резултати од истражувањето.

 

Способност за проценка:

  • Покажува способност за оценка и избор на научни теории, методологии и алатки во подрачјето на маркетингот.
  • Покажува способност за критичка оцена и споредба на маркетинг-тенденциите во земјата и во светот.
  • Демонстрира способност за идентификување и прибирање на релевантни податоци, нивна анализа и интерпретација. 

 

Комуникациски вештини:

  • Поседува способност за самостојно учество во научни дискусии и за успешно комуницирање во професионален тим. 
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира однесувањето на потрошувачите, како и човековото однесување генерално. 

 

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, пишување, критичка анализа, интерактивно учество, набљудување.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Покажува способност за независно идентификување на своите лични потреби и интерес за континуирана едукација и професионален развој.

 

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MKT541 Принципи на Маркетингот 40 7,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT542 Однесување на потрошувачите 40 7,00 Снежана Ристевска-Јовановска

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MKT543 Промоција 40 7,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT Магистерски труд 40 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MKT544 Политика на производот 40 7,00 Ежени Брзовска
MKT545 Дистрибуција со методи на продажба 40 7,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MKT546 Маркетинг менаџмент 40 7,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT548 Меѓународен маркетинг 40 7,00 Ежени Брзовска
MKT549 Маркетинг на услужни дејности 40 7,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT547 Маркетинг истражување 40 7,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска