Студиски програми

Политика на производот


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT544 Маркетинг 40 7,00
Предавачи
Ежени Брзовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Изучувањето на материјата по овој предмет треба да помогне на студентите да го осознаат производот како дел од маркетиншките активности, затоа што тој преставува еден од четирите основни елементи кои за претпријатието имаат најголемо значење во неговото работење. Преку пласманот на производот на пазарот претпријатието ја остварува својата зацртана деловна програма. Во изучувањето на оваа материја студентите ќе се запознаат со тоа што е производ, видовите на производи, нивната класификација, нивниот асортиман, пазарните особини на производот, неговиот животен циклус, планирањето , развојот и пласманот на новиот или иновираниот производ на пазарот.

Клучни зборови: Производ, асортиман, особини на производот, животен циклус, политика на производ, планирање, развој и лансирање на производите на пазарот

 

СОДРЖИНА

  1. Политика на производ во пазарно ориентирани претпријатија
  2. Производ, линија на производи и производна програма
  3. Животен циклус на производот
  4. Политика на развој на производот
  5. Планирање, развој и лансирање на производот на пазарот
  6. Контрола на ефикасноста на развојот на производот
  7. Организациони аспекти при иновирање на производите во претпријатието

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Philip Kotler&Gary Armstrong

Principles of marketing, 13/Е,

 Pearson Prentice Hall New Jersey

2009

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Kevin Lane Keller,  Tony Aperia, Mats Georgson 

Strategic Brand Management: A European Perspective

Prentice Hall

2011

2.

Merie Craword, C.

New Products management

 IRWIN Homewood il, Boston

1991

3.

David W. Cravens, Nigel F.Piercy

Strategic Marketing

Mc Graw Hill, 9th e

2009

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  1. Да се разберат пазарните особини на производот
  2. Да  се стекнат со знаења и вештини за управување со асортиманот на производот
  3. Да се осознаат маркетинг активностите во различните фази од животниот циклус на производот
  4. Да се стекнат со знаења за соодветните политики на производот
  5. Да се осознаат пооделните фази во развојот на нов производ