Студиски програми

Дистрибуција со методи на продажба


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT545 Маркетинг 40 7,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на маркетинг каналите и методите на продажба. Во содржината на оваа дисциплина во голема мера е направен обид што поконкретно да се обработат токму оние прашања и проблеми кои непосредно ќе овозможат примена во практичното ангажирање на идните магистри на науки. Притоа, поаѓајќи од фактот дека станува збор за применета на дисциплина која треба да даде практични сознанија при работењето во внатрешниот промет, освен поконкретниот пристап во дефинирањето на прашањата од секојдневното работење на претпријатијата во внатрешниот промет, особено внимание се посветува на настојувањето одделни прометни активности да се изложат функционално за да можат да бидат од полза за сите учесници во прометот.

Клучни зборови: Трговија, носители на трговијата, трошоци, маржи, рабати, цени, набавка, складирање, продажба, транспорт, трговска политика, даноци на потрошувачка

 

СОДРЖИНА

1. Аспекти и фактори за развој на трговија

2. Носители и организациони форми на прометот

3. Трошоци, маржи, рабати и цени

4. Техники на (внатрешното) трговско работење

5. Процесот на продажба и методите на продажба

6. Продажни стратегии и тактики

7. Трговска политика

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Снежана Ристевска Јовановска; Б.Јаќовски

Економика на внатрешната трговија, 3е

Економски факултет, Скопје,

2002

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Patrick M.

Retaling

 Dunne, , Thomson Learning Hoboken

2005

2.

Michail Levy, Barton A. Weitz

Retailing management

Richard D. IRWIN

1992

3.

Weitz A.Barton, Castleberry B.Stephen, Tarner F.John

Selling-bilding partnerships

IRWIN, Boston, USA

1992

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

1. Презентирање на елементите на пазарот и неговите институции од аспект на неговото влијание врз вршењето на прометот;

2. Осознавање на факторите кои влијаат врз развојот на трговијата,

3. Осознавање на носителите на трговската дејност;

4. Осознавање  на прашањата сврзани со трошоците, маржите - рабатот и формирањето на малопродажната цена;

5. Формулирање и водење на трговската политика,

6. Практично осознавање на техниките на трговското работење: набавното, складишното, продажното и транспортното работење и др.