Студиски програми

Промоција


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MKT543 Маркетинг 2 40 7,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со процесот на маркетинг комуникација и одделните инструменти на промотивниот микс. Студентите треба да се стекнат со знаење кое ќе им овозможи не само да ги идентификуваат одделните инструменти на промотивниот микс, туку и успешно да ги комбинираат истите. За таа цел, посебно внимание се посветува на: интегрираните маркетинг-комуникациски активности; планирање и стратегија на промотивните активности; имиџот и креативноста во служба на промоцијата; однесувањето на потрошувачите и промоцијата, животниот стил и неговите детерминанти. Промотивниот микс започнува со елаборирање на економската пропаганда каде се опфатени пропагандните техники, хуморот и боите во економската пропаганда како пропагандните константи, средствата и медиумите, трошоците што се прават, ефектите кои се добиваат, интернетот како нов медиум, и пропагандните агенции. Од другите активности на промоцијата опфатени се: директниот маркетинг, личната продажба, унапредувањето на продажбата, односите со јавноста и економскиот публицитет сите со свои карактеристики, предности и недостатоци.

Клучни зборови: Промоција, комуникација, економска пропаганда, продажна промоција, лична продажба, односи со јавноста, публицитет

 

СОДРЖИНА

  1. Детерминирање на промоцијата како составен дел на маркетингот
  2. Економската пропаганда како облик на промоција
  3. Продажната промоција како облик на промоција
  4. Директен маркетинг како облик на промоцијата
  5. Личната продажба како облик на промоцијата
  6. Односи со јавноста како облик на промоција 

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Нада Секуловска

Промоција, 3и

Економски факултет -Скопје

2009

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Fill C.,

Marketing Communications: Interactivity, Communities and Content 

Prentice Hall

2009

2.

De Pelsmacker, P.; Geuens, M.; Van den Bergh, J.

Marketing Communications: A European Perspective

Prentice Hall

2007

3.

Clow K. E.; Baack D.,

  Integrated Advertising, Promotion, and Marketing Communications, 3е

Prentice Hall

2007

4.

Moriarty, S.; Mitchell, N.; Wells, W.

Advertising- Principles and Practice; 8е

Prentice Hall

2009

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  1. Стекнување знаења и вештини за самостојна анализа на процесот на комуникација   
  2. Стекнување знаења за планирање и развој на креативна стратегија и планирање и избор на медиумите за економска пропаганда
  3. Осознавање на карактеристиките на одделните инструменти од промотивниот микс и стекнување вештини за нивна успешна комбинација
  4. Стекнување знаења за различните методи и техники за мерење на промотивните ефекти