Студиски програми

Меѓународен маркетинг


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT548 Маркетинг 40 7,00
Предавачи
Ежени Брзовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Меѓународниот маркетинг е една од најмладите научни дисциплини на деловната економија која од специфичен агол ги набљудува и анализира меѓународните маркетинг активности на претпријатието. Во рамките на овој предмет се изучуваат многубројните феномени и процеси кои се денес присутни во светската економија и кои укажуваат дека традиционалните пристапи полека но сигурно заземаат местото во историјата. На нивно место се раѓа свет, кој е економски меѓу зависен и кој не признава никакви политички граници кои се нарекуваат држави. Со изучување на материјата се доаѓа до сознание дека сите клучни економски параметри мора да бидат насочени во насока во која се развива меѓународната економија и светскиот пазар. Стекнатите знаења по Меѓународниот маркетинг и нивната примена во практиката ќе не доближат до успешните претпријатија и успешните земји, кои знаат што сакаат од сопствените ресурси и сопствените економии, во контекст со светскиот пазар.

Клучни зборови:  Меѓународен маркетинг, меѓународно окружување, надворешни пазари, производ, цена, канали, промоција

 

 

СОДРЖИНА

1. Меѓународен маркетинг концепт

2. Меѓународен маркетинг контекст

3. Меѓународено окружување

4. Селекција и избор на надворешни пазари

5. Меѓународно пазарно таргетирање

6. Трговски форми на меѓународно деловно позиционирање

7. Кооперативни и инвестициони форми во меѓувародното позиционирање

8. Меѓународен акционен маркетинг

 

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Бранко Ракита

Меѓународни маркетинг

Економски факултет, Београд

2004

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Јозо Превишиќ, Ѓурѓана Озретиќ

Меѓународни маркетинг

Масмедија, Загреб

1999

2.

М. Р. Цзинкота, И.А. Ронкаинен

Интернатионал маркетинг

Превод
стр.224-459

2002

3.

Миле Јовиќ

Меѓународни маркетинг

Институт економских наука, Београд

1997

4.

Вилијам М.Приде О.Ц.Феррелл

Маркетинг:цонцептс анд стратегиес

Texas А&М University

2009

5.

Philip R. Cateora, Mary C. Gilly, John Graham

International Marketing

McGraw-Hill Higher Education 

2008

6.

Masaaki Kotabe, Kristiaan Helsen

International Marketing

Hardback , SAGE

2009

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

1. Студентот да го разбере меѓународниот маркетинг концепт

2. Студентот да го разбере меѓународено окружување

3. Студентот да биде способен да изврши селекција и избор на надворешни пазари

4. Студентот да го разбере меѓународното пазарно таргетирање