Студиски програми

Маркетинг на услужни дејности


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT549 Маркетинг 40 7,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на услужните претпријатија и како таа функционира во практиката. Поаѓајќи од неопходноста од примена на маркетингот во услужните претпријатија мора да се имаат во предвид разликите помеѓу услугите и производите а од таму и да се имаат во предвид специфичностите на маркетингот на услугите.  Во денешни услови кога услужните дејности бележат постојан развој не може да се занемари маркетиншкиот пристап во работењето на услужните претпријатија и задоволувањето на барањата на потрошувачите преку добра маркетинг програма. Исто како и кај производните претпријатија така и кај услужните претпријатија доброто управување со маркетингот на услугите е основа за успешно пазарно работење.

Клучни зборови: Услуга, производ, дистрибуција, ценовна политика, комуникациски микс, физички параметри, луѓе, процес, систем, продуктивност и квалитет

 

СОДРЖИНА

  1. Инструменти на маркетингот на услугите
  2. Производ на услужната индустрија
  3. Дистрибуција на услугите
  4. Ценовна политика на услугите
  5. Комуникациски маркетинг микс
  6. Физички параметри.
  7. Управување со луѓето за остварување услужни предности.
  8. Услугите како процес и како систем.
  9. Продуктивност и квалитет на услугите

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Снежана Р.Јовановска

Маркетинг на услуги

 Економси факултет - Скопје

2012

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Cristopher Lovelock, Jochen Wirtz

Services Marketing,7/E

Hardcover - Jan. 29

2010

2.

K. Douglas Hoffman, John E.G. Bateson, and Emma Wood

Services Marketing: Concepts, Strategies and Cases

Paperbac, Apr

2009

3.

Cristopher Lovelock, Jochen Wirtz

Services Marketing, People, Technology, Strategy, 5е

Prentice Hall

2008

4.

Cristopher Lovelock, Jochen Wirtz P. Chew

Essentials of Services Marketing, 1/E

Paperback, Aug.22,

2008

5.

Снежана Р.Јовановска, Б. Јаќовски, Панче Јовановски

Маркетинг на услужни дејности

 Скопје

2008

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  1. Студентот треба да ги знае карактеристиките на услугите преку идентификување на елементите според кои тие се разликуваат од производите.
  2. Студентот треба да е способен да демонстрира детално разбирање на инструментите на маркетингот на услуги преку поврзување на изложената материја, анализа на практични примери и изработка на проекти.