Студиски програми

Маркетинг истражување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT547 Маркетинг 40 7,00
Предавачи
Николина Паламидовска-Стерјадовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со процесот на маркетинг истражување и одделните фази од тој процес. Во таа насока се разработува дефинирањето на проблемот; одделните типови истражувачки проекти; видовите податоци и нивните извори; методите за собирање податоци; формите за собирање податоци; одделните типови примероци; начините за обработка и анализа на собраните податоци и на крај се обработуваат правилата за подготвување извештај од спроведеното истражување. Согласно маркетинг концептот, со посебно внимание се обработуваат одделните методи за истражување на инструментите на маркетинг миксот  (производ, цена, дистрибуција и промоција); истражувањето на однесувањето на потрошувачите, како и меѓународното маркетинг истражување и маркетинг истражувањето на малите бизниси.

Клучни зборови: Истражувачки процес, истражувачки проблем, извори на податоци, методи, обработка и анализа на податоците

 

 

СОДРЖИНА

  1. Определување на маркетинг истражувањето
  2. Процес на маркетинг истражување
  3. Квалитативни методи на маркетинг истражување
  4. Квантитативни методи на маркетинг истражување
  5. Примена на методите за истражување на одделните инструменти од маркетинг миксот

 

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Нада Секуловска, Марика Башеска-Ѓорѓиеска

Маркетинг истражување-информативен инпут за маркетинг менаџмент

Економски факултет -Скопје

2009

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Malhotra Naresh K.

Marketing Research- An Applied Orientation, 5е

Prentice Hall

  1.  

 

2.

D.A.Aaker, V.Kumar, George S. Day, R.Leone

Marketing Research, 9е

Wiley

  1. 9

 

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  1. Стекнување на знаења и вештини за самостојно спроведување на маркетинг истражувачки проект
  2. Осознавање на одделните фази од процесот на маркетинг истражување 
  3. Осознавање на квантитативните маркетинг истражувачки методи
  4. Осознавање на квалитативните маркетинг истражувачки методи