Студиски програми

Принципи на Маркетингот


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MKT541 Маркетинг 1 40 7,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Поаѓајќи од фактот дека во центарот на интересот на секое претпријатие е потрошувачот и неговите потреби и желби кои треба да се осознаат со цел истите да бидат задоволени, намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на претпријатијата и како таа функционира во практиката. Во таа смисла е и потребата да добијат пошироки знаења од маркетингот, при што во рамки на наставата посебно внимание се посветува на: дефинирање на маркетингот и маркетинг концептот, разбирање на пазарот и потрошувачите, маркетинг информативен систем и маркетинг истражување, инструменти на маркетингот (производ, цена на производите, маркетинг канали и маркетитнг логистика, промоција, директен и он-лајн маркетинг), маркетинг менаџмент, како и на посебните подрачја на примена на маркетингот (маркетинг на услугите, маркетинг за глобален пазар, маркетинг на непрофитни организации, општествена одговорност на маркетингот).

Клучни зборови: Маркетинг, однесување на потрошувачите, производ, услуга, цена, дистрибуција, промоција

 

СОДРЖИНА

1. Дефинирање на маркетингот и маркетинг концептот

2. Разбирање на пазарот и потрошувачите

3. Маркетинг информативен систем и маркетинг истражување

4. Инструменти на маркетингот

5. Маркетинг менаџмент

6. Посебни подарачја на примена на маркетингот

 

ЛИТЕРАТУРА:

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Снежана Ристевска -Јовановска

Маркетинг – теорија  и практика

Скопје

2010

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Philip Kotler&Gary Armstrong

Principles of marketing, 13/Е,

 Pearson Prentice Hall New Jersey

2009

2.

Philip Kotler&Gary Armstrong

Principles of marketing

Pearson Prentice Hall New Jersey

2008

3.

Philip Kotler&Gary Armstrong

Principles of marketing 12/Е

Pearson Prentice Hall New Jersey

2007

4.

Снежана Ристевска Јовановска; Б.Јаќовски

Маркетинг, 8е

Економски факултет, Скопје,

2007

5.

Снежана Ристевска Јовановска; Б.Јаќовски

Маркетинг, 9е

Скопје

2009

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

1.  Да ги осознаат потрошувачите и нивно однесување кон кои е насочена понудата на компанијата

2. Успешно да ги комбинираат инструментите на маркетинг миксот

3. Помогнат претпријатието да постигне успех во настапот на странските пазари исто толку успешно како и во настапот на домашниот     пазар

4. Да донесуваат правилни маркетиншки одлуки базирани на претходно извршено маркетинг истражување

5. Да ја применат маркетинг концепцијата во работењето на претпријатијата преку осознавање на основите на управувањето                   и раководењето со маркетинг активностите