Студиски програми

Однесување на потрошувачите


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MKT542 Маркетинг 1 40 7,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на однесувањето на потрошувачите. Оваа материја во теоријата на маркетингот спаѓа во доменот на најсуптилните прашања, бидејќи од особена важност за секој стопански субјект претставува познавањето на аспектите на однесувањето на потрошувачите кои особено доаѓаат до израз преку индивидуалноста на човекот во процесот на донесување одлука за купување, како и неможноста да се согледаат внатрешните мотиви и психичките елементи кои на определен начин имаат влијание врз карактерот на одлуката. Содржината, карактерот и опфатот на учебникот наменет за совладување на оваа дисциплина произлегуваат од структурата на наставниот план на Економскиот факултет во Скопје, според кој насочувањето на студентите при совладувањето на повеќето дисциплини е специјализирано при тоа водејќи се од меѓусебната условеност и поврзаност на наставните дисциплини кои се изучуваат на департманот по Маркетинг.

Клучни зборови: Потрошувач, психолошки детерминанти, социолошки детерминанти, економски детерминанти, процес на донесување одлука за купување, конзумеризам

 

 

СОДРЖИНА

  1. Основни поими за однесувањето на потрошувачите
  2. Теории и модели за објаснување на однесувањето на потрошувачите
  3. Истражувачки методи за проучување на однесувањето на потрошувачите
  4. Психолошки детерминанти на  однесувањето на потрошувачите
  5. Социолошки детерминанти на на  потрошувачкото однесување
  6. Економски детерминанти на  потрошувачкото однесување
  7. Процес на донесување на одлука за купување
  8. Процес на донесување на одлука за купување на пазарот за производно-услужна потрошувачка
  9. Конзумеризам како движење за заштита на потрошувачите.

 

 

ЛИТЕРАТУРА

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Снежана Ристевска Јовановска; Б.Јаќовски

Однесување на потрошувачите,8/е

Скопје

2008

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Michael R. Solomon

Consumer behavior, A European perspective, paperback

Publisher:Prettice Hall

2010

2.

Снежана Ристевска Јовановска; Б.Јаќовски

Однесување на потрошувачите,8/е

Скопје

2008

3.

Michael R. Solomon

Auburn University: Consumer behavior, 8/е

Publisher:Prettice Hall

2008

4.

Блекбел Р

Однесување на потрошувачите

Превед. книги подарок од Влада на Р.М.

2009

5.

Leon,S.Leslie Kanuk, CUNY-Baruch College

Consumer behavior, 9/E

Publisher:Prettice Hall

2007

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                                                

1. Познавање на аспектите и факторите кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите

2. Правилно користење на резултатите од истражувањето на однесувањето на потрошувачите

3. Осознавање на фазите на процесот на донесување на одлука за купување

4. Запознавање на правата на потрошувачите

5. Запознавање со конзумеризмот како движење за заштита на потрошувачите