Европски студии


Мисија

Континуирано образование и создавање високообразован, способен и компетентен кадар кој ќе има длабоко разбирање за актуелните економски аспекти и процеси на регионално интегрирање и проширување на Европската Унија, и кој ќе може да се соочи со предизвикот на носење на клучните одлуки за приближување на националната економија кон Европската Унија, до моментот на стекнување статус на нејзин полноправен член.
На студиумот треба да се положат вкупно седум предмети и тоа:

1. Четири задолжителни од утврдената студиска програма (максимум 60% од вкупниот број предмети);

2. Два изборни од утврдената студиска програма од предметите од листата на Економски факултет (30% од вкупниот број 
    предмети);
3. Еден изборен предмет или 10% од листата на предмети утврдени од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Кандидатите можат да пријават тези и тема за магистерски труд со образложение, откако ќе остварат 45 кредити со положување на предвидените испити со програмата.

 

Образовни цели:

  1. Разбирање на актуелните аспекти на процесот на регионално интегрирање, со посебен акцент на интеграционите процеси во рамките на Европската Унија;
  2. Стекнување знаења и актуелни информации за практиката, политиките и регулативата на Европската Унија заради потребата од хармонизација на националната регулатива и практика на Република Македонија со европските стандарди.

 

Професионални цели:

  1. Создавање човечки капитал и високообразовен кадар од редот на јавната администрација со темелни познавања од областа на интегративните процеси во Европа и на потребните реформи што треба да се спроведат во рамките на националната економија заради стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
  2. Создавање кадар способен да врши анализа на европското бизнис окружување и способен да придонесе за подигање на конкурентноста на нашите фирми на европскиот пазар преку избор на соодветна стратегија компатибилна со современата меѓународна бизнис практика.

 

Карактеристики:

  • Современи студии (формирани во 2000-та година) насочени кон обука на кадри за потребите на јавната администрација и претпријатијата во новото европско окружување;
  • Втор циклус на студии развиени во рамки на ТЕМПУС проект со учество на странски екперти од Универзитетот во Стафордшир, Бизнис – школа од Сток он Трент, Велика Британија, Универзиетот од Антверпен – РУКА, Антверпен, Белгија и Универзитетот од Бари, Правен факултет, Бери, Италија;
  • Единаесетгодишен континуитет на студиите со распишување на конкурси и упис на нови студенти во секоја учебна година;
  • Континуирано осовременување на наставните содржини по одделните дисциплини застапени на студиите;
  • Нови методи за вреднување на стекнатото знаење со цел да се поттикне процесот на размислување кај студентите;
  • Студии во кои се вклучуваат и странски експерти во процесот на пренесување на знаењата од практиката на ЕУ;
  • Обезбедуваат подобра соработка со владините институции, добиваат и дистрибуираат навремени информации за преговарачкиот процес и процесот на приближување кон ЕУ;
  • Обезбедуваат најнова научна и стручна литература од областа на ЕУ;
  • Ги оспособуваат и информираат студентите за пребарување на актуелните бази на податоци на ЕУ преку интернет.

 

 

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 512 Европски економски интеграции 40 7,00 Ирена Кикеркова
EUS 515 Европски монетарен систем и монетарна унија 40 7,00 Ѓорѓи Гоцков
EUS 516 Фискален систем и фискална политика на ЕУ 40 7,00 Сузана Макрешанска Младеновска

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 514 Право и регулатива на ЕУ 40 7,00 Валентин Пепељуговски
EUS Магистерски труд 40 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 513 Економии во транзиција 40 7,00 Ирена Кикеркова
EUS 517 Европско бизнис окружување 40 7,00 Бобек Шуклев
EUS 518 Социјална политика и пазар на трудот во ЕУ 40 7,00 Таки Фити
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 511 Современи тенденции во светското стопанство 40 7,00 Ирена Кикеркова
EUS UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00