Студиски програми

Европски економски интеграции


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EUS 512 Европски студии 1 40 7,00
Предавачи
Ирена Кикеркова

Предметот се занимава со испитување на процесите на европската економска интеграција од теоретски и практичен аспект, заради обезбедување на знаења за економските структури и политики. Тргнувајќи од зачетоците на економското и политичкото интегрирање во Европа, предметот во детали ги објаснува теоретските аспекти на регионалното економско интегрирање, меѓувладините конференции и оснивачките договори, прикажувајќи ги при тоа фазите на европската економска интеграција (царинската унија, заедничкиот пазар, економската и монетарна унија), како и политиките на европската економска интеграција. Апсолвирајќи ги сите настанати институционални промени, предизвикани од сукцесивните продлабочувања и проширувања на унијата, целта е да се претстават можностите и перспективите на ЕУ, посебно после најголемото проширување и усвојувањето на ревидираниот Лисабонски Договор.

Клучни зборови: Оснивачки договори; функционални и секторски  политики; продлабочување; проширување на ЕУ.

 

СОДРЖИНА

  1. Зачетоци на економското и политичкото интегрирање во Европа и теоретски аспекти на регионалното економско интегрирање;
  2. Од Европска економска заедница до Европска унија (меѓувладини конференции и оснивачки договори);
  3. Фази на европската економска интеграција (царинска унија, заеднички пазар, економска и монетарна унија);
  4. Политики на европската економска интеграција (Единствен европски пазар – внатрешни политики, проширување на надлежностите – функционални и секторски  политики);
  5. Надворешна димензија на ЕУ (ЕУ – глобален трговски актер, развојна помош и надворешни односи);
  6. Институционални промени (продлабочување и проширување на ЕУ и перспективите на ЕУ за достигнување на ниво на политичка унија).

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Baldwin, Richard and Charles Wyplosz (2009): The Economics of European Integration. NY: MHP, 3rd Edition.
  2. Moussis, Nicolas (2009): Access to European Union: Law, economics, policies.  European Study Service, 18th updated edition.
  3. Sekulovska-Gaber, Biljana (2003) Me|unarodni organizacii i integracii, Ekonomski fakultet Skopje.
  4. Staab, Andreas (2008): The European Union, explained, Indiana University Press.

 

Дополнителна

  1. Agraa, El Ali, M. (2007): The European Union Economics and Policies, Prentice Hall, London, 8th Edition.
  2. Artis, M.J and F. Nixson (2007): The Economics of the EU, Oxford University Press, 2007, 4th Edition.
  3. Barnard, Catherine (2007): The Substantive Law of the EU - the four Freedoms, Oxford  University Press, New York, Second edition,
  4. Craig, Paul & De Burca Grainne (2007): EU Law, Text Cases and Materials, Oxford University Pres, Fourth edition.
  5. Cremona, Marise (2003): Enlargement of the European Union, Oxford University Press.
  6. Jovancevic, Radmila (2005): Ekonomski ucinci globalizacije i europska unija, Mekron promet d.o.o. Zagreb
  7. Nugent, Neill (2006): The Government and Politics of the European Union, Sixth edition, Duke University Press
  8. Mc Donald, F and Dearden, S. (2005): European Economic Integration, Longman.
  9. Palankai, Tibor (2004): Economics of Enlarging European Union, Akademiai Kiado
  10. Pelkmans, Jacques (2008): European Integration. Mehtods and Economic Analysis. NY: FT/Prentice Hall, 2008, 4th Edition.
  11. Sekulovska-Gaber, Biljana, urednik (2006): Pregled na trudovi od proektot “Kontinuirano obrazovanie za evropski pra{awa: osnovawe na Trening centar za evropska integracija”, Jugoreklam, Skopje.
  12. Shuibhne, Niamh Nic, (2006) Regulationg the Internal Market, Edward Elgar, Cheltenham.
  13. Wallace, Helen Mark Pollack, and Alasdair Young (2010): Policy-Making in the European Union. NY: Oxford University Press, 6th Edition. Wallace, Helen and William, eds. (2010): Policy-Making in the European Union. NY: Oxford UP, 6th Edition.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цел на предметната програма Европски економски интеграции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економското интегрирање и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. Покрај стекнувањето знаења, студентите би требало да станат способни да вршат анализи на процесите на интеграцијата и нејзиното влијание не само врз државите членки, туку и врз „остатокот“ од светот.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да направат разлика меѓу Европската економска заедница и Европската унија;
  • да ги препознаваат и оценуваат предностите и недостатоците од постоењето на царинска унија, заеднички пазар и економска и монетарна унија;
  • да ја идентификуваат Европската унија како глобален трговски актер, избирајки ги при тоа најоптималните решенија;
  • да ја оценат важноста на поврзаноста меѓу продлабочувањето и проширувањето на ЕУ, користејки ги комуникациските вештини;