Студиски програми

Европски монетарен систем и монетарна унија


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EUS 515 Европски студии 1 40 7,00
Предавачи
Ѓорѓи Гоцков

Предметот Европски монетарен систем и монетарна унија ги обработува елементите, карактеристиките и фазите во развојот на европскиот монетарен систем. Посебен акцент се става на начинот на концепирање и водење на монетарна политика во рамки на европската монетарна унија.   

Клучни зборови: монетарна унија, европски монетарен систем, монетарна политика, Мастришки критериуми, Европска централна банка

 

СОДРЖИНА

  • Основни карактеристики на Европскиот монетарен систем
  • Теретски аспекти од создавање на монетарна унија
  • Фази во развојот на Европската монетарна унија
  • Мастришките критериуми и нивното почитување
  • Европскиот систем на централни банки
  • Монетарната политика на Европската централна банка
  • Економска и финансиска структура на еврозоната 
  • Компаративна анализа на приспособеноста на монетарните и банкарските институции во Република Македонија на стандардите на Европската унија и Европската монетарна унија

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • European Central Bank, The Monetary Policy of  ECB, ECB, 2011
  • Paul de Grauwe, Economics of Monetary Union European, Oxford university press, 2012
  • Љубе Трпески, Банкарство и банкарско работење, Економски факултет – Скопје, 2009        

Дополнителна:

  • M.Cerovac i dr, Europska Unija, MATE d.o.o Zagreb, 2010
  • Frederic Mishkin, The Economics of Money, Banking and Financial Markets, Prentice Hall, 2012
  • M.Prokopijevic, Evropska Unija, Sluzbeni glasnik, Beograd, 2009
  • S.C.W. Eiffinger-J. de Haan, European Monetary and Fiscal Policy, Oxford university press, 2000

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни за:

  • Познавање на институционалната поставеност на Европскиот монетарен систем и неговите економски и финансиски карактеристики
  • Познавање на теоретските концепти за создавање на монетарна унија
  • Осознавање на фазите во развојот на ЕМУ
  • Разбирање на начинот на концепирање и водење на монетарната политика од страна на ЕЦБ
  • Анализирање на приспособеноста на македонскиот банкарски систем на барањата и стандардите на ЕУ и ЕМУ