Студиски програми

Економии во транзиција


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EUS 513 Европски студии 40 7,00
Предавачи
Ирена Кикеркова

Предметот економии во транзиција ја следи трансформацијата на економските системи во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа и процесот на нивна транзиција во вистински пазарни економии. Посебен акцент е ставен на процесот на транзиција на македонската економија.

Клучни зборови: нови пазарни стопанства, транзиција, приватизација, регионални интеграции, Европска унија.

 

Содржина

  • Вовед
  • Карактеристики на процесот на транзиција и проблемот на трансформациската рецесија
  • Приватизација, корпорациско управување и преструктурирање на економијата на земјите во транзиција
  • Вклопување во меѓународната размена преку класичниот увоз и извоз
  • Вклопување во меѓународната размена преку меѓународното движење на капиталот во вид на странски директни инвестиции
  • Перспектива за земјите во транзиција - предности и недостатоци од нивното зачленување во Европската унија

 

Литература

Основна:

  • Palankai, T.: Economics of Enlarging European Union (Transition, Competitiveness and Economic Growth), Budapest, 2004
  • Tang, H., ed.: Winners and Losers of EU Integration: Policy Issues for Central and Eastern Europe, The World Bank, Washington D.C., 2000
  • Lavigne, M: The Economics of Transition (from Socialist Economy to Market Economy), sec.ed., New York, 2000

Дополнителна:

  • Kumar, A., Kandzija, V., eds: Transitional Impacts and the EU Enlargement Complexity, Ljubljana, 2002
  • The World Bank: Transition – The First Ten Years, analysis and lessons from Eastern Europe and the former Soviet Union, the World Bank, Washington D.C., 2002
  • Kozninsky, A.& Yip, T.: Strategies for Central and Eastern Europe, New York, 2000
  • Perakos, G. & others, eds.: Integration and Transition in Europe (the economic geography of interaction), Routledge, London, 2000
  • Hynia, G.: Integration Through Foreign Direct Investment - Making Central and Eastern European Industries Competitive, Wien, 2000
  • Kikerkova, I: “Foreign Direct Investment Inflows and Their Impact Upon the Economic Growth of the Republic of Macedonia”, EBES International Conference – Istanbul, May, 2012
  • Kikerkova, I: The Importance of the Creation of CEFTA - 2006for the Western Balkans Trade Exchange of Goods”, Chinese Business Review, Vol. 10, Nr. 10, David Publishing Do., Libertyville,
  • Kikerkova, I: “Foreign Direct Investment Outlook for the Republic of Macedonia” in Antevski, M. ed.: Development Potentials of FDI – International Experiences, Belgrade, 2011
  • Kikerkova, I: Stranskite direktni investicii vo zemjite vo tranzicija, so poseben osvrt na sostojbite vo Republika Makedonija, Skopje, 1998
  • EBRD, Transition report, Brussels, various issues
  • UNCTAD, World Investment Report, Geneva, various issues

 

Цели на наставата:

Овој предмет треба да им овозможи на студентите на вториот циклус на студии:

  1. Да го разберат процесот на транзицијата на стопанствата и да бидат способни да вршат анализа на процесот на приватизација и на програмите за преструктурирање на стопанствата на поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа и нивно реинтегрирање во современата меѓународна економија;
  2. Да можат да го следат процесот на регионално интегрирање на т.н. нови пазарни стопанства во Европската унија со посебен акцент на исполнувањето на потребните услови за стекнување на статусот на полноправна земја-членка од страна.