Студиски програми

Фискален систем и фискална политика на ЕУ


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EUS 516 Европски студии 1 40 7,00
Предавачи
Сузана Макрешанска Младеновска

Предметната програма ја покрива проблематиката од областа на фискалната политика во рамките на Европската Унија. Притоа, најпрвин се дава кус историски преглед на развјот на јавните финансии во ЕУ, а потоа се разработува прашањето на примената на фискалните правила и нивното вградување во Спогодбата од Мастрихт и Пактот за стабилност и растеж. Во продолжение, предметот го покрива и процесот на подготовката и донесувањето на буџетот на ЕУ, со посебен третман на прашањата поврзани со функционирањето на фискалниот федерализам. Најпосле, посебно внимание се посветува на потребата од фискална координација во ЕУ, како и координација со единствената монетарна политика.

Клучни зборови: фискална политика, Пакт за стабилност и раст, фискален федерализам, координација, буџет на ЕУ.

 

СОДРЖИНА

  • Јавните финансии во Европа,
  • Карактеристики на фискалните правила
  • Пактот за стабилност и растеж,
  • Фискалниот федерализам и ЕУ,
  • Буџетот на Европската унија,
  •  Структура на буџетот на ЕУ,
  • Финансиската перспектива 2007-2013,
  • Фискалната политика во рамките на монетарната унија,
  • Фискална координација во ЕМУ,
  • Должничката криза во ЕУ.

 

ЛИТЕРАТУРА

  1. Brian Ardy, “The EU Budget and EMU“, South Bank European Papers No. 1/2001.
  2. Iain Begg, “Fiscal Federalism, Subsidiarity and the EU Budget Review“, SIEPS, 2009/1.
  3. Roel Beetsma et al., “Is Fiscal Policy Coordination in EMU Desirable?“, CEPR Discussion Papers Series No. 3035, October 2001.
  4. Marco Buti and Gabriele Giudice, “Maastricht’s Fiscal Rules at Ten: An Assessment“, European Commission, March 2002.
  5. Marco Buti and Mario Nava, “Towards a European Budgetary System“, European Commission, May 2003.
  6. Marco Buti and Andre Sapir, “Fiscal Policy in Europe: The Past and Future of EMU Rules from the Perspective of Musgrave and Buchanan“,CEPR Discussion Papers Series No. 5830, September 2006.
  7. S.C.W. Eiffinger and J. de Haan: European Monetary and Fiscal Policy, (chapters 3 and 4), Oxford University Press, London, 2000.
  8. Jordi Gali and Roberto Perotti, “Fiscal Policy and Monetary Integration in Europe“, NBER Working Paper 9773, June 2003.
  9. Henrik Enderlein et al., “The EU Budget: How Much Scope for Institutional Reform?“, ECB Occasional Papers Series No. 27, April 2005.
  10. Ludger Schuknecht, “EU Fiscal Rules: Issues and Lessons from Political Economy“, ECB Working Papers Series No. 421, December 2004.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

 

Со изучувањето на овој предмет:

  1. студентот ќе се здобие со продлабочени знаења за јавните финансии во земјите на ЕУ.
  2. студентот ќе ги познава релевантните прашања околу водењето на фискалната политика во рамките на ЕУ.
  3. студентот ќе се оспособи за критичка анализа на буџетскиот процес на ЕУ.