Управување во јавниот сектор


Последипломските студии (втор циклус) по Управување во јавниот сектор се наменети за едуцирање високообразовен кадар со цел стекнување знаења и развивање способности за ефикасно управување со јавниот сектор, врз основа антиципирање на новите предизвици од сложеното економско, технолошко и општествено окружување и развивање сопствен креативен капацитет во континуираниот процес на осовременување на јавниот сектор.
Студиите се организирани во два семестри (настава и изработка на магистерски труд).
Студентите се обврзани да положат 7 испити од кои 4 задолжителни и 3 изборни.
Организацијата на наставата зависи од бројот на запишани студенти.

 

Цели

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на УПРАВУВАЊЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на управувањето во јавниот сектор и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 

Знаење и разбирање:

  • Покажува знаење и разбирање за растечкото значење на јавниот сектор олицетворено во повисокото ниво на образовни потреби од областа на управувањето со јавниот сектор;
  • Покажува критичко разбирање за клучните теории начела и методи во економската наука и способност да го консолидира своето знаење вертикално и хоризонтално;
  • Поседува знаење за континуиран трансфер на современи и продлабочени сознанија од областа на управувањето со јавниот сектор и администрацијата, од други земји во домашни услови;
  • Покажува знаење за двигателите и факторите на реформите во јавниот сектор и нивно третирање како дел од континуитетот на промените во економијатата и општеството.

 

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Ги разбира и применува најновите сознанија за управувањето во јавниот сектор и развива креативен однос потребен за нивна ефикасна имплементација во практичниот живот;
  • Развива и дава решенија за унапредување на знаењата и вештините на менаџерите од јавниот сектор во функција на унапредување на квалитетот на јавните услуги со ефекти врз зголемувањето на општото ниво на продуктивност и ефикасност во економијата и општеството;
  • Применува знаење и разбирање за унапредување на соработката и активното партнерство со деловниот сектор и со јавната администрација, со цел воспоставување интерактивен процес на креирање знаења и оценување на нивната практична релевантност.

 

Способност за проценка:

  • Покажува разбирање на принципите и механизмите на функционирање на јавниот сектор како претпоставка за изнаоѓање решенија на пројавените проблеми;
  • Демонстрира способност за прибирање податоци, анализирање, оцена и изведување заклучок за клучните подрачја од областа на функционирањето и управувањето во јавниот сектор;
  • Покажува способност за оцена и избор на соодветна научна теорија, методологија и алатки неопходни за анализа на дадениот проблем во управувањето во јавниот сектор.

  

Комуникациски вештини:

  • Покажува способност за ефикасно комуницирање со колеги и вработени и од други сектори. Може да работи ефикасно како член на тим, поседува доверливост и критичко размислување, ги разбира и почитува културните разлики;
  • Демонстрира способност за адаптирање кон лица со различно потекло и стил на комуникација;
  • Поседува разбирање за разликите во човековото однесување и за различните вредносни системи, ги разбира елементите и компонентите на комуникација, иницира комуникација, управува со времето.

 

Вештини на учење:

  • Демонстрира совладани вештини за учење - концентрација, читање и слушање, меморирање, користење на времето;
  • Поседува способност за оцена на идеи со критичко размислување, истражува стратегии со изразен критички пристап и ефикасно ги користи овие размислувања и стратегии за решавање на проблеми сврзани со функционирањето на јавниот сектор;
  • Покажува способност за идентификување на своите сопствени потреби и интереси за докторски студии од областа на економијата и презема иницијатива за стекнување знаења и учење со висок степен на независност.

 

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
PSM 510 Управување со промените 40 7,00 Таки Фити
PSM 511 Економија на јавниот сектор 40 7,00 Љубомир Кекеновски
PSM 514 Инструменти на државна регулација 40 7,00 Трајко Славески
PSM 517 Локален економски развој 40 7,00 Наталија Николовска

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
PSM Магистерски труд 40 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
PSM UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
PSM 512 Корпоративно управување и теорија на игри 40 7,00 Љубомир Дракулевски
PSM 513 Економија на јавниот избор 40 7,00 Трајко Славески
PSM 515 Инвестиционо одлучување во јавниот сектор 40 7,00 Методија Несторовски
PSM 516 Човечките ресурси во јавниот сектор 40 7,00 Гоце Петрески
PSM 518 Јавна администрација и јавна одговорност 40 7,00 Сашо Ќосев
PSM 519 Јавно приватно партнерство 40 7,00 Пеце Недановски
PSM 520 Управување во јавните претпријатија 40 7,00 Љубомир Кекеновски
PSM 521 Управување со информациите и знаењето во јавниот сектор 40 7,00 Пеце Недановски