Студиски програми

Управување со промените


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
PSM 510 Управување во јавниот сектор 1 40 7,00
Предавачи
Таки Фити

Управување со промените во јавниот и приватниот сектор; транзиција и двојно коло на учење; управување со стратешките промени - материјални, кадровски и информациони ресурси како инпути, процеси и активности на финансиски и развоен план како трансформација, резултати од функционирањето како аутпути; значење на процесите на вмрежување; проектен пристап кон промените во јавниот сектор.

 

Содржина

  • Управување во променливо окружување;
  • Управување со промените во јавниот и приватниот сектор;
  • Видови промени;
  • Процес на транзиција;
  • Основен пристап: двојно коло на учење;
  • Управување со проектите за промени;
  • Управување со стратешките промени во јавниот сектор;
  • Информациони ресурси;
  • Материјално- финансиски ресурси;
  • Процеси и активности;
  • Резултати од управувањето;
  • Процеси на вмрежување во јавниот сектор;
  • Процеси на вмрежување меѓу јавниот и приватниот сектор;
  • Управување со учењето.

 

Литература

  • Doherty T. and Horne T., Managing Public Services: Implementing Changes, London, Routledge, 2002, стр. 27-102, 363 – 400.
  • Kirkpatrick, Donald, Managing Change Effectively: Approaches, Methods and Case Examples, Butterworth- Heinemann, 2001, стр. 93- 150.
  • Тајчи, Ноел, Управување со стратешките промени, Скај агенција, Скопје, 1994, стр. 25 - 46, 62 - 76, 95 - 120.
  • Haines, Stephen, The Systems Thinking Approach to Strategic Planning and Management, CRC Press LLC, стр. 1- 49.
  • Inge, Kaul, Marc, Stern, Isabelle, Grunberg, Global Public Goods: International Cooperation in the 21st Century, Business & Economics,1999,  стр. 306-344.
  • Joyce, Paul, Adrian Woods, Strategic Management: a Fresh Approach to Developing Skill, Knowledge and Creativity, Kogan Page Limited, 2001, стр. 373- 393.
  • European Commission, The Green Paper on Public Sector Information in the Information Society, COM(98)585 final, 1999.
  • Norman, Flynn, Public Sector Management, fourth edition, Prentice Hall, 2001, глава V, VI, VII.

 

Цели на наставата

Цели на наставата - очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните магистрирани студенти. Тие треба да бидат способни да:

  • развиваат знаење за управување со промените кое ја зголемува ефиканоста на јавната администрација;
  • идентификуваат активности во управувањето со проектите за промени;
  • идентификуваат стратегии и тактики за соочување со промените;
  • испитуват клучни фактори во управувањето со стратешките промени во јавниот сектор;
  • дизајнираат и имплементираат промени во услови на мрежно поврзување на различни агенти.