Студиски програми

Економија на јавниот сектор


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
PSM 511 Управување во јавниот сектор 1 40 7,00
Предавачи
Љубомир Кекеновски

Значењето на јавниот сектор и неговата застапеност во современите економии; логика за намалување на неговото учество во економскиот живот; пазарен неуспех;  неуспех на владата; обезбедување јавни добра; современите приоди во буџетирањето; аспекти на програмското алоцирање и проблемите врзани за дефицитите.

 

Содржина

  • Јавниот сектор во современите економии;
  • Јавниот сектор во Република Македонија;
  • Пазарната versus државната (владината) алокација на ресурсите;
  • Пазарниот неуспех (постоење на монополи, нерамномерна и социјално неприфатлива распределба на доходот, јавни добра, екстерналии, асиметрични информации, макроекономска нестабилност) и државната регулација;
  • Неуспехот на владата;
  • Обезбедувањето на јавни добра;
  • Анализа на Владините програми на потрошувачка (здравство, одбрана, социјално осигурување, образование);
  • Оданочување- микроекономските аспекти на даноците;
  • Дефицитите, јавниот долг и нивните економски импликации.

 

Литература

  • Stiglitz, Joseph, Economics of the Public Sector, New York: W.W. Norton, 2000, дел II, IV и V.
  • Stiglitz, Joseph, Welsch Roy E., Economics, International edition, 2002.
  • Samuelson, Paul, William Nordhaus, Economics, Eighteenth Edition, McGraw- Hill International Edition, 2005.
  • Кекеновски, Љубомир, Економија на јавниот сектор, Економски факултет, Скопје, 2000.
  • Фити, Таки, Современите макроекономски концепции и економските политики, Економски факултет, Скопје 2001.
  • Славески, Трајко, Приватизација, пазар, држава, Екопрес, Скопје, 1997.
  • Фити, Таки, Функционирањето на пазарите на асиметрични информации, Годишник на Економскиот факултет Скопје, 2002.

 

Цели на наставата

Цели на наставата - очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните магистрирани студенти. Тие треба да бидат способни да:

  • се стекнат со ново знаење за местото, улогата и застапеноста на јавниот сектор во економската структура на современите економии;
  • аргументираат за резоните за егзистенција на јавниот сектор (неуспехот на пазарот);
  • го разберат неуспехот на државата (владата);
  • вршат анализа на програмските пристапи во буџетирањето;
  • фокусираат врз финансирање на јавниот сектор, дефицитите и нивните економски импликации.