Студиски програми

Корпоративно управување и теорија на игри


Шифра Студиска програма Часови Кредити
PSM 512 Управување во јавниот сектор 40 7,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски

Менаџмент - функции, нивоа, видови, значење на корпоративното управување; димензии на корпоративната општествена одговорност; Одбор на директори- многуаголен пристап кон неговата улога и функции; можности за релативизација на конфликтите; видови игри и одлучувањето; примена на игрите во корпоративното управување.

 

Содржина на предметот

  • Менаџмент- функции и нивоа на менаџмент;
  • Ситуационен менаџмент;
  • Стратегиски менаџмент;
  • Total Quality Management;
  • Корпоративна општествена одговорност- концепции, подрачја, еволуција, видови;
  • Значењето на корпоративното управување;
  • Одбори на директори- одговорност, организација, носители на функции, оценување и унапредување на ефективноста;
  • Одбор на директори и планирање;
  • Одбор на директори и стратегиски менаџмент;
  • Одбор на директори во групи на компании;
  • Одбор на директори на странски филијали;
  • Конфликти и можности за нивна релативизација;
  • Видови игри и одлучувањето;
  • Кредибилитет на партнерите;
  • Игри со преговарање и кооперација- избор на соодветна игра.

 

Литература:

  • Шуклев, Бобек, Менаџмент (четврто издание), Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 3 -36, 346- 378, 442 – 484.
  • Schermerhorn, John R., Management, sixth edition, New York: John Wiley & Sons Inc., 2000, стр. 114 -130.
  • Shelling, Thomas, The Strategy of Conflict, Oxford University Press, New York, seventeenth edition, 1999, стр. 81 – 203. 
  • Dixit, Avanish, Susan Skeath, Games of Strategy, New York: Norton, 2nd edition, 2004, стр. 2 -149, 288- 315, 397 – 424.
  • Dixit Avanish, Barry J. Nalebuff, Thinking Strategically: The Competitive Edge in business, Politics and Everyday Life, W.W. Norton & Company, Inc., 1999, стр. 89- 168, 223- 326.

 

Цели на наставата

Цели на наставата - очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните магистрирани студенти. Тие треба да бидат способни да:

  • се стекнат со знаење за примена на современите модели на корпоративно управување;
  • фокусираат на менаџментот,  на односите меѓу директорите и сопствениците, меѓу стеикхолдерите битни за определување на стратегиските насоки;
  • ја концептуализираат улогата на органите во функција на ефикасно извршување на задачите;
  • ги идентификуваат на можностите за решавање конфликти;
  • ги концептуализираат проблемите на игрите;
  • ги имплементираат принципите и резултатите на игрите;
  • ги разберат идните хоризонти на менаџментот – општествена одговорност.