Студиски програми

Инструменти на државна регулација


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
PSM 514 Управување во јавниот сектор 1 40 7,00
Предавачи
Трајко Славески

Опис

Потребата од државна регулација во стопанството и социјалното осигурување и заштита; предности и недостатоци на државата наспроти пазарот; институции и инструменти на државата за остварување на јавниот интерес во економската сфера и во социјалното осигурување и заштита.

Содржина

  • Регулација на цените
  • Цели и мерење на резултатите кај јавните претпријатија и непрофитните организации;
  • Здравствено осигурување и здравствена заштита ;
  • Социјално осигурување и заштита ;
  • Економски основи за интервенција на државата во областа на социјалните дејности;
  • Регулација на профитната стапка
  • Економските аспекти на различните степени на образование.
  • Регулаторни институции
  • Државна регулација на пазарот;
  • Реформа на претпријатијата во државна сопственост (јавните претпријатија);
  • Процесот на приватизација- последици од функционирањето на јавниот сектор;
  • Пазарот наспроти државата- предности и недостатоци;
  • Економската теорија за јавните претпријатија и непрофитните организации;
  • Улогата на државата во економската транзиција;

Литература

  • Славески, Трајко, Приватизација, пазар, држава, Екопрес, Скопје, 1997.
  • Barr, Nicholas, The Economics of the Welfare State, 4th edition, Oxford University Press/ Stanford University Press, 2004, дел I, II, III.
  • Vickery , William, Public economics, Cambridge University Press, USA 1994.
  • Jordana, Jacint, and David Levi-Faur, The Politics Of Regulation: Institutions and Regulatory Reforms for the Age of Governance, Edward Elgar Publishing, 2004.

Цели

  • ја согледаат потребата од регулација во одделни области;
  • се фокусираат на институциите и методите за регулација;
  • ја дефинираат улогата на пазарот и државата во областа на социјалното осигурување и заштита.