Студиски програми

Инвестиционо одлучување во јавниот сектор


Шифра Студиска програма Часови Кредити
PSM 515 Управување во јавниот сектор 40 7,00
Предавачи
Методија Несторовски

Предметот инвестиционо одлучување во јавниот сектор е дизајниран да даде сознанија за макроекономскиот поглед на инвестициите и носење на инвестициона одлука кај ентитетите од јавниот сектор. Главен акцент е ставен на изучувањето на теориските основи на benefit-cost анализата за проекти од јавен сектор и нејзина апликација. Студентите особено ќе се запознаат со пристапот на cost-benefit анализата креиран од УНИДО – кост-бенефит економска анализа со софтвер COMFAR III EXPERT, УНИДО.

Клучни зборови: инвестиции, инвестиционо одлучување, cost-benefit анализа, цени во сенка, јавен сектот

 

СОДРЖИНА

  • Теориски основи за оцена на ефикасноста на инвестирањето во проекти во јавниот сектор;
  • Базични методолошки пристапи за анализа;
  • Кост-бенефит анализата како доминантен пристап за оцена на општествената оправданост и на економската ефикасност на проектите. Пристапите на Светска Банка, УНИДО, ОЕЦД;
  • Вреднувањето на факторите од општествен аспект. “Пресметковните цени” на  факторите (инпутите);
  • Идентифијкација и вреднување на трошоците и користите. Мерливи и немерливи ефекти;
  • Проблемот на сводниот израз за ефикасноста -”нумерерот”;
  • Општествената стапка на преференција;
  • Универзални критериуми за инвестиционо одлучување (општествената нето-сегашна вредност; општествената стапка на рентабилност);
  • Рангирање и селекција на проектите во услови на лимитираност на средства;
  • Апликација: пристапот на УНИДО – презентација и подршка на кост-бенефит економска анализа со софтвер COMFAR III EXPERT, УНИДО, 2006.

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Проф. д-р Методија Несторовски: “Економија на инвестициите”, учебник, Економски факултет, Скопје, 2010

         

Дополнителна:

  • Fuguit, Diana; Shanton J. Wilcox: Cost Benefit Analysis for Public Sector Decision Makers, Greenwood, Quantum Books, 1999.
  • Boardman, Anthony, Daviod Greenberg, Alan Viking, David Waimer, Cost Benefit Analysis – Concepts and Practices, Prentis Hall&Pearson, 2000, glava III, V, VII.
  • McEwen, Patric, Cost Effectiveness  Analysis – Methods and Application, Heinmann and Lewin, Sage Publichers, 2000, glava IV, V, VII.
  • Арсов, Сашо, Оценка на економската ефикасност на инвестиционите проекти од општествен аспект (кост-бенефит анализа), магистерски труд., Економски факултет Скопје, 1998. (гл. 4 и 5).
  • Ward, A.W., Cost-Benefit Analysis: Techniques and Applications, Economic Development Institut of the World Bank, Vienna, 1994.
  • Студии за пристапот на СВЕТСКАТА БАНКА, на УНИДО и на ОЕЦД (По индивидуален избор на студентите).
  • Арсов, Сашо, Вреднување на добрата и ефектите во интегралниот пристап за анализа на проектите, докторска дисертација, Економски факултет Скопје, 2003.
  • Петрески, Гоце, Економски развој - теории, модели, меѓународни искуства, Економски факултет, Скопје, 2002, глава XVII, XVIII, XX.

Софтвер за презентација: CONFAR  III EXPERT, UNIDO, 2005.