Студиски програми

Локален економски развој


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
PSM 517 Управување во јавниот сектор 1 40 7,00
Предавачи
Наталија Николовска

Опис

Локалниот економски развој како дел од националниот економски развој; алтернативни пристапи кон локалниот економски развој; формирање мрежи за креирање и поддршка на локалниот економски развој; научен инструментариум за избор на прифатливи стратегии; улога на јавниот сектор во креирањето и поддршката на локалниот економски развој; примена на различните пристапи во практиката на државата.

 

Содржина

 

  • интегрирање во комплексната мрежа на соработка;
  • Типологии на локален економски развој:
  • пристап на страната на побарувачката,
  • пристап на страна на понудата;
  • Улога на јавниот сектор во доменот на локалниот економски развој;
  • Комплексен пристап кон локалниот економски развој во рамки на националниот економски развој;
  • Алтернативни начини на реализирање на интегралниот локален економски развој;
  • Алтернативни патишта на градење на мрежите на соработка:
  • помеѓу јавниот и приватниот сектор,
  • локална власт и граѓани,
  • Стратешки менаџмент во јавниот сектор и локалниот економски развој;
  • Модели на организација на јавниот сектор на локално ниво според различни функции.
  • Политики на јавниот сектор спрема интегралниот локален економски развој;
  • национална (централна) и локална власт,

 

Литература

 

  • Blakely, E., Planning Local Economic Development: Theory and Practice, 3rd Edition, London: Sage, 2002, стр. 1- 83.
  • Walzer, N. (ed.), Local Economic Development: Incentives and International Trends, Oxford: Westview, 1995.
  • Oatley, N. (ed.), Cities, Economic Competition and Urban Policy, London: Paul Chapman, 1998.
  • Griffits Alan, Wall Stuart, Applied Economics, Prentice Hall, 2004, str. 193- 258, 333- 346.
  • Blair, J., Local Economic Development: Analysis and Practice, London: Sage, 1995.
  • Acocella Nicola, Economic Policy in the Age of Globalization, Cambridge University Press, 2005, стр. 139- 227.
  • Demaziere, C., Wilson P. (ed.), Local Economic Development in Europe and the Americas, London: Mansell, 1996.

 

Цели

 

  • Сеопфатно да ја разберат комплексноста на локалниот економски развој, како и аспектите кои го чинат портфолиото на локалниот економски развој;
  • Да вршат избор на научни инструменти за оценка на прифатливите стратегии за локален економски развој.
  • Да ги развиваат основните пристапи на клучните стеикхолдери кон локалниот економски развој: ‘коалиција на растеж’ и ‘оспособување на заедницата’;
  • Критички да ги проценуваат предностите и недостатоците кои произлегуваат од алтернативните начини на реализирање на локалниот економски развој;
  • Да ја проценуваат важноста на мрежите на поврзување меѓу стеикхолдерите (stakeholders) од јавниот сектор, бизнис секторот, и локалната власт (самоуправата);