Студиски програми

Јавна администрација и јавна одговорност


Шифра Студиска програма Часови Кредити
PSM 518 Управување во јавниот сектор 40 7,00
Предавачи
Сашо Ќосев

Опис

Јавна администрација како теорија и пракса; повеќедимензионален карактер на јавната администрација; ефикасноста на јавната администрација и економскиот развој; управувањето и регулационите механизми на ЕУ; власта и влијанието - карактеристики и ограничувања; јавна одговорност и соодветна регулација; контролните механизми на власта, влијанието и јавната одговорност.

 

Содржина

 

  • Видови јавна одговорност (изборност, независност, сменливост);
  • Политички, законски и етички основи на организираноста и функционирањето на јавната администрација;
  • Управувањето, власта и влијанието;
  • Механизми на контрола на моќта, власта и влијанието;
  • Механизми на санкционирање на јавната одговорност;
  • Јавната администрација во Република Македонија (организација, функционирање и реформа);
  • Јавната администрација и економскиот развој;
  • Принципи на јавната администрација во ЕУ (Европски административен простор - ЕАП);
  • Јавната одговорност во Република Македонија (нормативно-правната регулатива, механизмите на контрола и видовите на санкцинирање).
  • Јавното управување со процесите и потребата од јавна администрација;
  • Поим и видови јавна администрација;
  • Основите на јавната одговорност во ЕУ;

 

Литература

 

  • Nugent, Neil, The Government and Policies of the European Union, Macmilan, 1994.
  • Murray J Horn, The Political Economy of Public Administration: Institutional Choice in the Public Sector, Cambridge University Press. 2002, стр. 40 - 79, 134 - 182.
  • Gilbert, Niel, Transformation of the Welfare State: The Silen Surrender of Public Responsibility, Business and Economics, 2002, pp. 61 – 197.
  • Held, David, Democracy and the Global Order, Policy Press, Oxford, 1995.
  • Wilson, John, Managing Public Services, Liverpool Academic Press, 1996, chapters VI, VII, VIII, X.
  • Sterling, Grover, Managing the Public Sector, seventh edition, Thomson Corporation, 2005, chapters II, III, IV.
  • European Principles for Public Administration, SIGMA Papers, no. 27.

 

Цели

 

  • се стекнуваат знаења за основите, организацијата и функционирањето на јавната администрација во ЕУ и Република Македонија;
  • се запознаат со принципите на организирање и функционирање на јавната администрација;
  • ги разбираат потребата и насоките на реформата на јавната администрација во Република Македонија;
  • стекнуваат знаења за основите и практикувањето на јавната одговорност и со механизмите на конрола и санкционирање на јавната одговорност во ЕУ и Република Македонија.