Студиски програми

Јавно приватно партнерство


Шифра Студиска програма Часови Кредити
PSM 519 Управување во јавниот сектор 40 7,00
Предавачи
Пеце Недановски

Теоретски аспекти на јавно приватното партнерство; регулатива (правна и институционална рамка) на ЈПП на ниво на ЕУ и во некои развиени земји; облици на ЈПП (чист договорен однос и приватна финансиска иницијатива); принципи и цели на ЈПП; предности и недостатоци на ЈПП; фази на процесот на ЈПП; управување со процесот на ЈПП; примена на ЈПП во некои одбрани земји (проблеми и искуства); ЈПП во Република Македонија (правна регулатива и институционална рамка; проблеми, резултати и можности за развивање на ЈПП на централно и локално ниво).

 

Содржина на предметот

  • Теоретски аспекти на јавно приватното партнерство
  • Регулатива на ЈПП
  • Облици на ЈПП
  • Принципи и цели на ЈПП
  • Фактори и ограничувања на успехот на ЈПП (политичка поддршка, отворен пазар и конкуренција, заштита на јавниот интерес, кадровски ресурси, селекција на оптимален модел на ЈПП, оптимална поделба на ризикот, ограничувања и др.)
  • Користи и предности на ЈПП за јавниот и приватниот сектор
  • Недостатоци на ЈПП
  • Предмет на ЈПП
  • Основни насоки, фази и постапки на ЈПП
  • Финансирање на проекти ЈПП
  • Управување со процесот на ЈПП
  • Примена на ЈПП во некои одбрани земји (искуства и проблеми)
  • ЈПП – предизвик за локалната самоуправа
  • ЈПП во Република Македонија (правна регулатива и институционална рамка, досегашна примена, резултати, проблеми и можности за развивање на ЈПП на централно и локално ниво).

 

Литература

  • Guidelines for Successful Public-Private Partnership, 2003.
  • Gulija, Bo`ena, Javno-privatno partnerstvo, Euroscope, Dodatak, god.13. br. 73 (2004).
  • Green Paper on PPP and Community Law on Public Contracts and Concessions, 2004.
  • Jurčić, D., Ekonomija javno-privatnog partnerstava, Ekonomski pregled 59 (7-8) 452-468 (2008).
  • Трајановски, Мирослав и др. (2008), Прирачник за дизајн и имлементација за ефективни јавно-приватни партнерства (ЈПП), ЗЕЛС, Скопје..
  • Закон за концесии и други видови  на јавно приватно партнерство, ,,Службен весник на Република Македонија“, бр.7 од 15 јануари 2008.

 

Цели на наставата

Цели на наставата - очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните магистрирани студенти. Тие треба да бидат способни да:

  • се стекнуваат знаења за основите, организацијата и функционирањето на јавното приватно партнерство во ЕУ и Република Македонија;
  • се запознаат со принципите на организирање и функционирање на јавното приватно партнерство;
  • стекнуваат знаења за основите и практикувањето на јавното приватно партнерство и со механизмите на контрола и санкционирање одговорноста за негово практикување во ЕУ и Република Македонија.