Студиски програми

Управување со информациите и знаењето во јавниот сектор


Шифра Студиска програма Часови Кредити
PSM 521 Управување во јавниот сектор 40 7,00
Предавачи
Пеце Недановски

Карактеристики на економијата базирана на знаење; економија базирана на знаење во јавниот сектор; улога на информациите и знаењето; управување со информациите - политики, стратегии; управување со знаењето - политики, стратегии; ефекти од управувањето со информациите и знаењето во јавниот сектор: зголемување на транспарентноста; унапредување на услугите на граѓаните; унапредување на комуникациите; унапредување на знаењето на вработените во јавниот сектор.

 

Содржина на предметот

  • Значење на информациите и знаењето;
  • Карактеристики на  економијатабазирана на знаење;
  • Економија базирана на знаењето во јавниот сектор;
  • Мерни инструменти за нивото на развој на економијата базирана на знаење
  • Р.Македонија – развоен јаз во однос на ЕУ
  • Интегрален пристап во управувањето со информациите и знаењето
  • глобални правци на промени
  • управување со информациите – политики, стратегии;
  • управување со знаењето- политики, стратегии;
  • Р.Македонија : долгорочни цели, задачи и активности
  • Ефекти од управувањето со информациите и знаењето во јавниот сектор
  • зголемување на транспарентноста;
  • унапредување на услугите на граѓаните;
  • унапредување на комуникациите;
  • унапредување на знаењето на вработените во јавниот сектор.

 

Литература

  • Eileen Milner (2002): Managing Information and Knowledge in the Public Sector, Routledge, New York.
  • Златка Поповска (2006): Управување со системите, Економски факултет, Скопје.
  • Dale Neef (ed.): The Knowledge Economy, Butterworth-Henemann 1998
  • Maria João Rodrigues (ed.) : The New Knowledge Economy in Europe, Institute for European Studies, Université Libre de Bruxelles and Special Advisor to the European Commission.

 

 

Цели на наставата

Цели на наставата - очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните магистрирани студенти. Тие треба да бидат способни да:

  • се стекнат со ново знаење за современите промени базирани на развојната улога на информациите и знаењето во  времето на технолошката и економската глобализација;
  • се стекнат со ново знаење за управувањето со информациите и знаењето во јавниот сектор и политиките кои се реализираат на овој домен;
  • се стекнат со знаење за современи методолошки пристапи практицирани во управувањето со знаењето и информациите во напрениот свет;
  • да развијат способност за вреднување и селекција на моделите на управување со знаењето и информациите согласно развојните потреби и можност на Р.М;
  • да го применат стекнато знаење во практиката според конкретните предизвици за промени;
  • да го надградуваат постојното знаење низ процеси на перманентно учење;
  • да развиваат заедничка визија, облици на соработка и тимска работа во функција на што поширока примена на новото знаење во нивната работна средина.