Статистички методи за бизнис и економија
Цел на студиската програма од вториот циклус студии по Статистички методи за бизнис и економија е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на статистиката и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањети на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
ИНФО СМЕБЕ 2018/2019
Знаење и разбирање:
- Унапредување на знаењето и зајакнување на аналитичките способности и обучувањето за користење на адекватни софтверски пакети со цел да бидат поефикасни во решавањето на квантитативните проблеми во економијата и бизнисот
- За избор на најсоодвтените статистички, економетриски и други квантитативни методи при решавање на сложени проблеми од економијата и бизнисот.
- Спроведување на анализа заснована на примена на повеќе методи и модели , толкување на резултатите од анализата и предлагање на економски и деловни одлуки.
- Предвидувања на разни појави во економијата и бизнисот врз основа на статистички методи и модели и со користење на статистички софтвери.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Собирање на податоци и креирање на бази на податоци
- Моделирање и примена на квантитативни и аналитички методи во економијата;
- Примена на економетриски компјутерски пакети за обработка на податоци;
- Носење на статистички заклучоци врз основа на информации од различни видови примероци и проценка на можните грешки при заклучувањето.
- Креирање на економетриски модели и анализа на релациите помеѓу променливите;
- Анализа на временски серии и проектирање на нивното движење во иднина;
- Предвидување на движењата на економските временски серии;
- Примена на статистичките методи во контролата и континуираното унапредување на квалитетот на процесите во производниот и услужниот сектор;
Способност за проценка:
- Развивање на способност за идентификација на поврзаности во економијата и бизнисот и нивно моделирање
- Развивање на способност за критичка анализа
- Практична примена на статистичката и економетриската методологија во комплексната анализа на проблемите со кои се соочуваат економијата и бизнисот
- Способност за примена на статистичките модели во предвидување на разни појави во економијата и бизнисот;
- Способност за примена на методите во микро и макро економската анализа.
Комуникациски вештини:
- Способност да дискутира за примена на соодветен метод при истражување на одреден економески или бизнис проблем
- Способност да дискутира за добиените откритија, резултати и заклучоци од истражувањата направени со примена на статитичките методи и модели
- Способност за професионална комуникација со експерти од соодветната област и учество во научно-истражувачки проекти
Вештини на учење:
- Способен е за успешно совладување на теоретските основи преку читање, слушање и меморирање, правилно организирање и користење на времето
- Демонстрира способност за вклучување во активно учење, способност да се служи со научно-истражувачки методи и да користи релевантна литература во своите анализи
- Способен е да анализира конкретни студии на случај и да анализира научни трудови од соодветната област