Е-бизнис менаџмент


Услови за запишување и напредување на студиите

На студиската програма по Е-бизнис менаџмент можат да се запишат студенти кои завршиле четворогодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус студии според ЕКТС со вкупен број на 240 кредити.

На студиската програма можат да се запишат студенти од било која област бидејќи е-бизнис моделите кои се предмет на изучување на студиите се користат во сите области на општеството и економијата.

По завршувањето на предвидените активности, се добива диплома Магистер по економски науки од областа на е-бизнис менаџмент.

 

Компетентност за работни места

  • Во областа на бизнисот и економијата кои се базираат на интензивна употреба на ИКТ;
  • Во компании кои што интензивно користат веб базирани технологии во контактите со добавувачите, купувачите, финансиските институции и јавниот сектор;
  • На дизајнирање и на развој на веб базирани информациски системи во големи, средни и мали претпријатија;
  • Во јавниот сектор кој користи веб базирани услуги кон граѓаните и компаниите;

 

Општи и специфични компетенции

  • Работа во интердисциплинарни тимови во глобално и мултикултурно окружување;
  • Анализа, синтеза и критичка евалуација на факти и за донесување на квалитетни бизнис одлуки;
  • Поврзување на теоретските знаења со нивна практична примена;
  • Препознавање на потенцијалите и можностите од ИКТ како потикнувач на промените во економијата базирана на знаење;
  •  Дизајнирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
  • Консалтинг вештини од областа на е-бизнисот во приватниот и јавниот сектор;
  • Развивање маркетинг стратегии преку интернет и други безжични технологии;
  • Разбирaње и анализирање на теориите и практиките во рамките на е-влада;
  • Менаџирање со синџирот на снабдување;
  • Продолжување на образованието во трет циклус студии.

♦ Брошурата за студиите може да се преземе тука.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 510 Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис 200 7,00 Калина Треневска Благоева
EBU 580 Стратегиски менаџмент на е-бизнис 175 7,00 Љубомир Дракулевски
EBU 550 Менаџмент на синџирот на снабдување 175 7,00 Лидија Пулевска
EBU 560 Системска анализа и дизајн 175 7,00 Сашо Јосимовски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU Магистерски труд 16,00

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU-UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 530 Интернет маркетинг апликации и алатки 125 7,00 Анита Циунова-Шулеска
EBU 520 Е-влада и е-управување 125 7,00 Сашо Јосимовски
EBU 570 Сметководствени и финансиски алатки за одлучување во е-бизнисот 125 7,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
EBU 540 Креирање и дизајнирање на е-бизнис решенија 125 7,00 Калина Треневска Благоева