Студиски програми

Менаџмент на синџирот на снабдување


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
EBU 550 Е-бизнис менаџмент 1 175 7,00
Предавачи
Лидија Пулевска Ивановска

Опис

Предметот Менаџмент на синџирот на снабдување ги анализира деловните релации кои постојат помеѓу компанијата и нејзините добавувачи, како и помеѓу компанијата и нејзините потрошувачи. Целта на предметот Менаџмент на синџирот на снабдување е да  ги поврзе пазарот, дистрибутивната мрежа, производството и аутсорсингот со цел да се зголеми нивото на услугите кои им се даваат на потрошувачите и да се намалат вкупните трошоци.


Содржина

Поврзаност и интеракција помеѓу логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување, синџир на вредност, SCOR (Supply Chain Operations Reference) модел, управување со побарувачката и понудата, управување со производството (MRP, ERP), аутсорсинг, предвидување, управување со залихи, дистрибуција, логистички апликации, логистички информациски систем, e-SCM.


Литература

Задолжителна литература

  • Christopher Martin, Logistics and Supply Chain Management: Creating Value-Adding Networks Pearson Education Limited, 2005
  • Stock James R., Lambert Douglas M., Logistics Management, McGraw-Hill, 2001
  • Jacobs F. Robert, Chase Richard B., Aquilano Nicholas J., Operations and Supply  Management, McGraw-Hill/Irwin, 2009
  • Bolstroff  Peter, Rosenbaum Robert, Supply Chain Excellence: A Handbook for Dramatic Improvement Using the SCOR Model, Amacom, 2003
  • Taylor David , Global cases in logistics and supply chain management, Cengage Learning Business Press, 2006

Дополнителна литература

  • David F. Ross, Introduction to e-Supply Chain Management: Engaging Technology to Build Market Winning Business Partnerships, CRC Press, 2002
  • Simchi-Levi David, Philip Kaminsky, Edith Simchi-Levi, Managing the Supply Chain: The Definitive Guide for the Business Professional, McGraw-Hill, 2003

Цели

Студентите стекнуваат знаења за целиот процес на менаџментот на синџирот на снабдување, од суровини до готов производ; анализа на  конкретни логистички ситуации, дијагностицирање проблеми во синџирот на снабдување и предлагање aлтернативни решенија за решавање на овие проблеми; примена на SCOR моделот; идентификување на главните елементи на менаџментот на синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; примена на информациски технологии за интегрирање и управување со логистиката; интеракцијата помеѓу Интернетот и менаџментот на синџирот на снабдување.