Студиски програми

Сметководствени и финансиски алатки за одлучување во е-бизнисот


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 570 Е-бизнис менаџмент 125 7,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

Целта на овој предмет е да им ги пружи на професионалците и потенцијалните менаџери од областа на електронскиот бизнис вештините кои се поврзани со финансиите и сметководството, кои им се неопходни за да ги разберат финансиските механизми кои го управуваат бизнисот воопшто, како и конкретно, електронскиот бизнис. Компетенциите кои тие ќе ги стекнат преку овој курс ќе ги оспособат да носат информирани одлуки засновани на финансиските информации. Уште повеќе, целта е да се подигне и свесноста кај студентите за ефектот кој би го имале технолошките одлуки врз деловните перформанси. Опфатот на овој курс не е да се понудат длабоки и детални сметководствени и финансиски познавања (бидејќи тие се специфични за секоја земја и секое законодавство), туку да се покријат општите парадигми на ова поле..


Содржина

  • Принципи на сметководството на менаџментот и основи на сметководството на трошоците
  • Финансиски извештаи, трошочни и биланси на состојба
  • Анализа на преломната точка, евалуација на производниот микс, профитабилност на производите, основи на анализата на буџетите
  • Информации за трошоците потребни за одлучувањето
  • Долгорочни финансиски одлуки
  • Долгорочни извори на финансирање
  • Капитално буџетирање
  • Краткорочни финансиски одлуки
  • Трошок на капиталот и структура на капиталот

 


Литература

Задолжителна литература

  • L. Gitman, Principles of Managerial Finance, Prentice Hall, 2009
  • E. Brigham, P. Daves, Intermediate Financial Management, Thomson Learn., 2007
  • Garrison/Noreen/Brewer, Managerial Accounting, McGraw Hill., 2008
  • Hansen&Mowen, Managerial Accounting, Thomson South-Western, 2007

Цели

По положувањето на овој испит, студентите би требале да бидат оспособени:

  • да ги познаваат и разбираат општите финансиски извештаи, како што се билансите и извештаите за трошоците;
  • да ги разбираат основните сметководствени принципи;
  • да ги разликуваат основните видови на трошоци, како и да ги познаваат основните принципи на традиционалните системи за евиденција на трошоците и на системот за евиденција на тршоците заснован на активностите;
  • да ги применуваат основните сметководствени знаења за да реализираат деловни анализи, како што е анализата на преломната точка;
  • да ги разбираат особеностите и импликациите на употребата на различни извори за краткорочно и долгорочно финансирање;
  • да ги разбираат различните аспекти на прифатливоста на инвестициските проекти врз основа на расположливите студии и останатата проектна документација;
  • да ја пресметаат цената на капиталот обезбеден од различните извори на финснирање и да ја утврдат оптималната структура на капиталот на компанијата.