Студиски програми

Креирање и дизајнирање на е-бизнис решенија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 540 Е-бизнис менаџмент 125 7,00
Предавачи
Калина Треневска Благоева

Опис

Овој предмет на последипломските студии по Е-Бизнис менаџмент има за цел да го интерира и потврди целото знаење стекнато низ студиите. Тој има за цел да ги оспособи студентите да креираат е-бизнис решенија користејќи ги вештините стекнати и развиени на претходните предмети од последипломските студии. Со помош на тие вештини студентите ќе комплетираат и направат целосно е-бизнис решение за различни елементи на една реална компанија, без разлика дали ќе креираат комплетно нова е-бизнис идеја или ќе ја претворат традиционалната во е-бизнис компанија.


Содржина

Поим и основи на е-бизнис процеси, е-бизнис апликации, е-операции, однесување со клиентите и потрошувачи и планирање на ресурсите на компаниите.


Литература

Задолжителна литература

  • Kalkota, R &Robinson, M, e-Business 2.0: Roadmap for success (3th ed), Addison-Wesley Longman Inc., 2007
  • Chong Y.Y. , Delivering on your e-promise, Sun Francisco: Financial Times/rentice Hall, 2002
  • Gary P.Schneider, E-Commerce, Tomson Learning, 2007

Дополнителна литература

  • Elance.com
  • Research-Based Web Design & Usability Guidelines, Cooper, Goodwin, Head, , 2003

Цели

Студентите по завршувањето на овој предмет ќе се стекнат со знаење како различните идеи од традиционалниот бизнис да ги претворат во комплетно е-бизнис решение, како да ги користат  современите трендови во е-бизнисот за создавање на бенефити за компаниите, а во исто време да ги искористат различните достапни софтверски алатки за креирање на е-бизнис решенија.