Системска анализа и дизајн
Шифра
|
Студиска програма
|
Семестар
|
Часови
|
Кредити
|
EBU 560
|
Е-бизнис менаџмент
|
1
|
175
|
7,00
|
Предавачи
|
Сашо Јосимовски
|
Програмата на предметот опфаќа вовед во системската анлиза и дизајн, потоа преглед на методологиите кои се користат во системската анализа и дизајн, со посебен фокус на анализа на барањата на информацискиот систем. За оваа цел, се воведуваат и формални алатки за анализа на дефинирање на барањата и логичкиот модел, при што посебен осврт се дава на UML јазикот.
Клучни зборови: системска анализа, бизнис случај, итеративен развој, UML
СОДРЖИНА
- Вовед во системска анализа и дизајн
- Преглед на методите на системска анализа
- Анализа на бизнис случај
- Моделирање на барањата на информацискиот систем
- Моделирање со UML
ЛИТЕРАТУРА:
Основна:
- Gary Shelly, Harry Rosenblatt, Systems Analysis and Design, Course Technology, 2010
- Miles&Hamilton, Learning UML 2.0, O’Reilly, 2006
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- ги разберат и применат методите на развој на ИТ проекти и информациски системи;
- разберат како информациските системи и технологии ги поддржуваат стратегиските цели на компаниите;
- да го разберат влијанието на информациските технологии на изборот на бизнис моделот на претпријатието и на развојот на информациските системи;
- користат јазик за моделирање UML
- креираат UML модел на реален информациски систем.